Лујџи Карнера
Изглед

Лујџи Карнера (италијански: Luigi Carnera; Трст, 14 април 1875 - Фиренца, 30 јули 1962) — италијански астроном, откривач на астероиди.
На почетокот на кариерата работел како помошник на истакнатиот германски астроном Макс Волф во Хајделберг и открил повеќе астероиди. Работел во Германија, Италија и Аргентина, па на крај во 190 г. конечно се вратил во Италија.
Во 1919 г. е назначен за директор на Трстјанската опсерваторија. Од 1932 до пензионирањето во 1950 г. работел како директор на опсерваторијата „Капидамонте“ во Неапол и предавал општа и сферна астрономија на Неаполскиот универзитет.
Карнера открил вкупно 16 астероиди, од кои три заедно со Макс Волф.[1]
| Откриени астероиди: 16 | |
|---|---|
| 466 Тизифона[1] | 17 јануари 1901 |
| 469 Аргентина | 20 февруари 1901 |
| 470 Килија | 21 април 1901 |
| 472 Рим | 11 јули 1901 |
| 476 Хедвиг | 17 август 1901 |
| 477 Италија | 23 август 1901 |
| 478 Тергесте | 21 септември 1901 |
| 479 Капрера | 12 ноември 1901 |
| 480 Ханза[1] | 21 мај 1901 |
| 481 Емита | 12 февруари 1902 |
| 485 Генуа | 7 мај 1902 |
| 486 Кремона | 11 мај 1902 |
| 487 Венеција | 9 јули 1902 |
| 488 Креуза[1] | 26 јуни 1902 |
| 489 Комачина | 2 септември 1902 |
| 808 Мерксија | 11 октомври 1901 |
| |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Откривачи на мали планети“. Центар за мали планети. Архивирано од изворникот на 2010-11-20. Посетено на 1 јануари 2011. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Биографија на Лујџи Карнера Архивирано на 12 јуни 2015 г. — Музеј на астрономски инструменти на Капидамонте (италијански)
| Оваа статија за астроном е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Оваа биографска статија за личност од Италија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|