Лујџи Датоме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лујџи Датоме
Датоме во 2018
Датоме во 2018
Позицијакрило
крилен центар
Висина2,03 м
Тежина98 кг
ЛигаСуперлига
Евролига
ЕкипаФенербахче Фенербахче
Број70
Роден27 ноември 1987
Монтебелуна, Италија
НационалностИталија Италија
Драфт2009 / Не драфтуван
Проф. кариера2003–
Клубови
2003–2006Менс Сана Сиена Менс Сана Сиена
2006–2008Скафати Баскет Скафати Баскет
2008–2013Виртус Рома Виртус Рома
2013-2015Детроит Детроит Пистонс
2015Гранд Рапидс Драјв Г. Рапидс Драјв
2015Бостон Бостон Селтикс
2015-Фенербахче Фенербахче
Репрезентација
2007-Италија Италија
Инфо од: 09.07.2016.

Лујџи "Џиџи" Датоме (роден на 27 ноември 1987 година) е италијански кошаркар, крило на Фенербахче и на италијанската репрезентација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Датоме пораснал во младинските каегории на Санта Кроче од Олбија. Дебитирал во Б2 серијата на возраст од 15 години и во истиот период го освоил италијанското првенство во кошарка за млади играчи. Во 2003 година се преселил во Монтепаски Сиена, каде тренер му бил Карло Рекалкати и останал таму до 2006 година. Во неговата прва сезона во Сиена одиграл шест натпревари и го освои скудетото и Суперкупот на Италија. Во следната сезона играл во тринаесет натпревари; во сезоната 2005-2006 настапите и минутите поминати на теренот му се зголемиле, а пет пати започнал и во стартната петорка.

Во средината на сезоната 2006-2007 тој се преселил од Монтепаски Сиена во Легеа Скафати во размена со Родолфо Ромалдони, кој се преселил во Сиена; тој го носел дресот на Скафати, и во следната сезона и собрал вкупно четириесет и шест настапи. Во септември 2008 година се вратил во Сиена, кој го продале играчот на Виртус Рома за две сезони. Во сезоната 2008-2009 тој бил избран за Најдобар играч под 22 години во првенството.

Датоме останал во екипата од Рим до крајот на сезоната 2012-2013, забележувајќи 149 натпревари и 1.776 поени. Во неговата последна сезона во Виртус, Џиџи пронашол континуитет: тој бил избран за најдобар играч на шампионатот на крајот од регуларниот дел од сезоната 2012-2013 и стигнал до финалето на плејофот, каде неговата екипа била поразена од Монтепаски Сиена со 4-1.

НБА[уреди | уреди извор]

Детроит Пистонс[уреди | уреди извор]

На 15 јули 2013 година ја напуштил Италија и се преселил во НБА, потпишувајќи договор со Детроит Пистонс каде одлучил да го носи дресот со број 13.[1] На 30 октомври 2013 година тој го имал своето деби во НБА, играјќи деветнаесет секунди во победата на Пистонс над Вашингтон Визардс. Тој постигнал 13 поени во победата над Кливленд Кавалиерс, највисоки во неговата кариера.[2] Пристигнувањето во Детроит било комплицирано заради тоа што Џиџи дошол со повреда на ногата со која се здобил за време на настапите со репрезентацијата, поради што морал да ја прескокне целата предсезона, епизода што прави тој да падне пониско во "хиерархиите" на тимот. Иако сезоната е долга просторот за игра за Датоме не бил толку многу: на крајот на сезоната тој запишал 238 минути на паркетот во 34 натпревари, но успеал да постигне мал рекорд. Во натпреварот на гости против Голден Стејт Вориорс во кој Пистонс загубиле со 113-95, Џиџи станал најбрзиот Италијанец кој постигна двоцифрен број на поени во НБА, постигнувајќи 10 поени со шут од игра 2/2 за два и 2/4 за три) престигнувајќи го Данило Галинари.

Во сезоната 2014-2015, Датоме играл во првиот натпревар на Детроит против Лос Анџелес Лејкерс забележувајќи 7 поени. На 15 јануари 2015 година Датоме објавил дека сака да игра во Д-Лигата за да најде повеќе простор на теренот: тој играл три натпревари во Showcase D-League 2015, каде неговиот тим Гранд Рапидс Драјв бил поразен во финалето, а по завршувањето на овој настан се вратил во Пистонс, како што било договорено со менаџментот.[3][4] На 11 февруари се вратил на теренот со Пистонс во победата против Шарлот Хорнетс, каде што постигнал четири поени.

Бостон Селтикс[уреди | уреди извор]

На 19 февруари 2015 година, тој бил разменет заедно со Јонас Јеребко во Бостон Селтикс во замена за Тејшон Принс.[5] Датоме изберал да го носи дресот со бројот 70, како седми играч во историјата на НБА кој се одлучил за оваа бројка, во чест на Санта Кроче Олбија, неговото семејство и првиот тим во кариерата, основан во 1970 година.[6]

Дебитирал истиот месец против Њујорк Никс играјќи ги последните 4 минути од натпреварот. На 9 март тој постигнал 13 поени во победата над Мајами Хит, изедначувајќи го својот најдобар резултат во кариера и за прв пат завршил со двоцифрен број на поени во два натпревари по ред, откако претходната вечер (на 8 март) реализирал 10 поени во натпреварот против Орландо Меџик. На 15 април тој поставил нов свој највисок број поени во НБА кариерата, постигнувајќи 22 поени за време на последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната против Милвоки Бакс.[7][8]

Датоме со Фенербахче во 2018

Селтикс завршиле седми во Источната конференција во регуларниот дел на сезоната и се пласирале во НБА плејофот каде во првиот круг се сретнале со Кливленд Кавалирс на Леброн Џејмс. Тоа било првото учество на Датоме во НБА плејофот. Тој играл во три натпревари на Селтикс, со просек од 4,7 минути и 1,3 поени по натпревар, а неговиот тим бил елиминиран со 4-0 во победи.

Меѓутоа, во овие месеци во Бостон, Џиџи ги натера сите навивачи на Бостон да се заљубат во него толку многу што тренерот, Бред Стивенс изјавил многу важни зборови за него велејќи: Тој е еден од најдобрите шутери што сум ги видел.[9]

Фенербахче[уреди | уреди извор]

На 14 јули 2015 година, Датоме потпишал двегодишен договор со турскиот клуб Фенербахче.[10] Во својата прва сезона со тимот, Датоме го освои Купот на Турција со победа над Дарушафака од 67-65. Фенербахче, исто така, стигнал до финалето на фајнлфорот во Евролигата, но не успеале да ја освојат титула, откако биле поразени од ЦСКА Москва со 96-101 по продолженија.[11] Во 29 натпревари во Евролига, тој имал во просек 12,4 поени и 4,4 скока по натпревар, а во финалето имал учинок од 16 поени 5 скокови и 3 асистенции. На крајот од сезоната, со Фенербахче исто така го освоил и турското првенство и бил избран за МВП на финалето.

Следната сезона му помогнал на клубот да ја одбрани титулата во турскиот шампионат, но и за прв пат во клупската историја Фенербахче да стане првак во Евролигата со победата во финалето над Олимпијакос од 84-60. Во финалениот натпревар Датоме имал учинок од 11 поени и 6 скока.

На 5 јули 2017, Датоме го продолжил договорот со клубот за уште три сезони.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Датоме шутира на Ол Стар натпреварот 2011.

Датоме бил дел од неколку национални младински репрезентации: тој бил дел од тимот што го освоил 9-тото место на Европското кадетско првенство во 2003 година, од тимот што го освоил 4-тото место на Европското првенство за играчи под 18 години во 2004 за потоа да ја освои бронзата во 2005 година. Тој, исто така играл и на Европското првенство за играчи под 20 години 2006 (4-то место) и 2007 (3-то место).

Во летото 2007 година дебитирал за сениорската репрезентација на Италија: на 2 јуни тој постигнал 5 поени во пријателскиот натпревар против Хрватска. Подоцна бил повикан да учествува на Евробаскетот 2007 во Шпанија: поминал само 6 минути на теренот во текот на целиот турнир (забележувајќи само 2 скока), во поразот со 74-79 од Литванија. Тој исто така учествувал и на Евробаскетот 2013 како бил капитен на аѕурите, завршувајќи го турнирот со 13,8 поени, 4,8 скока и 1,4 асистенции.

Во јуни 2016 година тој бил повикан за Квалификацискиот турнир за Олимписките игри 2016 кој се одржал во Торино, но на 9 јули Италијаните загубиле од Хрватска во финалето и неуспеале да се квалификуваат за Олимпијадата во Рио де Жанеиро.[12]

Во 2017 година, тој учесвувал во квалификациите и во завршницата од Европското првенство 2017, каде и помогнал на Италија да стигне до четвртфиналето во кое националниот тим на Датоме бил поразен од Србија со 64-76 на 13 септември.

Успеси[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Италија Менс Сана Сиена[уреди | уреди извор]

Турција Фенербахче[уреди | уреди извор]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. nba.com (уред.). „Long-Distance Help“. конс. 16 luglio 2013. 
  2. „Notebooks: Pistons 115, Cavaliers 92“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. December 23, 2013. конс. December 15, 2014. 
  3. Pistons send Dinwiddie, Datome to Grand Rapids“, The Detroit News, 14 јануари 2015 (посет. 14 јануари 2015 г).
  4. gazzetta.it (уред.). „http://www.gazzetta.it/Nba/20-01-2015/nba-datome-torna-pistons-lui-nuova-sfida-100552390838.shtml“. конс. 20 gennaio 2015. 
  5. „Gigi Datome cambia aria, i Pistons lo cedono ai Celtics“. конс. 19 febbraio 2015. 
  6. „Luigi Datome: "Un onore essere ai Celtics". L'ala piccola: "Ho scelto la n. 70 per onorare la Santa Croce basket Olbia". конс. 22 febbraio 2015. 
  7. Celtics win 6th straight, beat Bucks 105-100
  8. „Nba, festa Datome: 22 punti. Gallinari chiude con 18. Bargnani non entra“. конс. 16 aprile 2015. 
  9. „Stevens elogia Datome: È uno dei tiratori migliori che abbia mai visto“. конс. 24 maggio 2015. 
  10. Fenerbahce Ulker Signed Luigi Datome“, „Fenerbahce.org“, 14 јули 2015 (посет. 14 јули 2015 г).
  11. „CSKA Moscow claims its seventh Euroleague crown after OT thriller“. euroleague.net. конс. 9 September 2016. 
  12. „La Croazia si qualifica per Rio 2016“. 10 luglio 2016. конс. 11 luglio 2016.  Unknown parameter |urlmorto= ignored (помош); Unknown parameter |urlarchivio= ignored (помош); Unknown parameter |editore= ignored (помош); Unknown parameter |dataarchivio= ignored (помош);

Надворешни врски[уреди | уреди извор]