Луѓето кои одеа по тигровата опашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Луѓето кои одеа по тигровата опашка (јапонски: 虎の尾を踏む男達) - јапонски филм од 1945 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Ханширо Ивај, Сусусму Фуџита и Кеничи Еномото.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во 1185. година, во времето кога семејството Хеике бори против семејството Минамото. По крвавата поморска битка во Тихиот Океан, Јошицуне Минамото ги победува непријателите, а преживеаните извршуваат самоубиство. Кога победникот Јошицуне пристигнува во Кјото, неговиот брат, шогунот Јоритомо им наредува на своите луѓе да го уапсат Јошицуне. Меѓутоа, Јошицуне бега со шест верни самураи на чело со Бенкеи и тие се упатуваат во земјата на неговиот единствен пријател Идехиро Фукивара. Во близината на границата, откако ја преминуваат шумата преправени во монаси, нивиот насмеан превозник Суруга открива дека тие се Јошицуне и шестмина самураи и им кажува дека храбриот Кагивара и неговите војници ги чекаат на границата, со намера да ги уапсат. Јошицуне се преправа во превозникот и Бенкеи мора да го убеди Кагивара дека тие се само шест монаси кои патуваат за да соберат прилози за изградба на големиот храм во Кјото.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]