Лутрос (Гида)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лутрос
Λουτρός
Лутрос is located in Грција
Лутрос
Лутрос
Местоположба во областа
Лутрос is located in Гида (општина)
Лутрос
Местоположба на Лутрос во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 22°24′E / 40.583° N; 22.400° E / 40.583; 22.400Координати: 40°35′N 22°24′E / 40.583° N; 22.400° E / 40.583; 22.400
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаГида
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,277
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Лутрос (грчки: Λουτρός) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на дваесетина километри североисточно од градот Бер и 18 километри југозападно од градот Гида, крај самата железничка пруга од Солун за Бер, на надморска височина од 10 метри.[2] Површината на селскиот атар изнесува 11 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак. Крај селото се наоѓа Лутроскиот манастир „Св. Недела“.

Историја[уреди | уреди извор]

Лутрос како и другите села во областа Урумлак, уште од постаро време било населено со Грци.[2]

По Првата светска војна во 1922 година, во селото се населени малку грчки бегалци. Во 1928 година, во Лутрос имало 4 бегалски семејства со вкупно 13 жители.[3].

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото располага со плодни обработливи површини кои се наводнуваат. Населението се занимава со земјоделството, а најмногу произведува памук, шеќерна репка, пченица и други земјоделски производи. Исто така, дел од населението се занимава и со сточарство, особено краварство.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во Лутрос (Loutros), Берска епархија, живеат 276 Грци.[4] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Лутрос е село во Берската каза и во него живееле 300 Грци христијани.[2][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лутрос (Loutros) живееле 290 Грци.[6]

Во 1910 година во Лутрос (Λουτρός) имало 600 жители.[7] Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[8]

При пребројувањето во 1912 година селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[9] Во 1913 година, Панајотис Деказос, одговорен за земјоделството во областа, го споменал Лутро (Λουτρό) како село со 60 куќи.[10]

Во пописот од 1913 година во селото се забележани 583 (349 мажи и 234 жени), во 1920 година 465, а во 1928 година 568 жители, од кои само 23 бегалци. Во 1940 година бројот на жителите се искачил на 773, во 1951 година на 987, во 1961 година на 1.175, во 1971 година на 1.253, во 1981 година на 1.234, а во 1991 година на 1.286 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.294 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.277 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 773 987 1.175 1.253 1.234 1.286 1.294 1.277
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Гида со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лутрос, во кој покрај Лутрос влегува и малото село Ексоклиси.

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзани со Лутрос

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 17.
  3. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  4. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 37.
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.
  7. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  8. Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  9. Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  10. Δεκάζος, Παναγιώτης Α. "Η Νάουσα της Μακεδονίας: Οικονομολογική μελέτη της γεωργίας, κτηνοτροφίας και δασών της περιφερείας ταύτης". Εν Αθήναις, 1913.
  11. „Официјално мрежно место“ (грчки). Посетено на 4 март 2016.