Лупус (жива рана)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лупус (жива рана)


Лупусот (жива рана) е хронична автоимуна болест кај која имунолошкиот систем го препознава сопственото сврзливо ткиво како туѓо тело, па го напаѓа. Еден вид, дискоидниот еритематозен лупус (ДЕЛ) ја напаѓа само кожата што е изложена на сончева светлина. Вториот вид , систематскиот еритематозен лупус (СЕЛ) е посериозен. Тој ја напаѓа кожата и другите витални органи, предизвикувајќи појава на лушпеста исипаност во облик на пеперутка на рабовите на носот и образот што може да остави лузни, ако не се лекува. Од систематскиот лупус (жива рана) може да се воспали и оштети сврзливото ткиво на зглобовите ,мускулите и кожата ,како и на обвивките на белите дробови ,срцето , бубрезите и мозокот. Воспалението на крвните садови, особено на прстите, може да доведе до лезии и чиреви. Рејновиот (Reynaud) синдром се јавува кај дваесет проценти од болните. Систематскиот еритематозен лупус (жива рана), исто така, може да предизвика бубрежна болест. Лупусот го карактеризираат непредвидливи фази на ремисија и влошувања што се разликуваат во интензитетот и траењето. Болеста нама типичен тек и може да бидие во распон од мала непријатност до онеспособувачко заболуање. Повеќето заболени се на возраст од дваесет до триесет и пет години, а деведесет проценти од нив се жени.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Некои симптоми не наведуваат на лупус(жива рана) ,но специфичните симптоми укажуваат на постоењето на лупусот .

  • Изразена слабост ,малку покачена температура и силна болка во мускулите и зглобовите ,
  • Испност на кожата на лицето и телото ,
  • Особено силно изразена чувствителност на сонце ,
  • Губење тежина ,душевна изгубеност ,болки во градите при длабоко дишење ,
  • Чиреви во носот ,устата и грлото ,
  • Зголемени лимфни јазли ,
  • Слаб проток на крвта во прстите на рацете и нозете ,
  • Оголени делови на кожата ,
  • Измената боја на урината или зачестено и отежнато мокрење .
Систематски еритематозен лупус

Обратете се на лекар[уреди | уреди извор]

  • Ако имате некои од горенаведените симптоми или се сомневате на лупус(жива рана) .Оваа болест може да биде смртоносна и бара стручна лекарска помош .Кај раното откривање и строгото лекување изгледите се подобри .
  • Ако имате семејна историја на лупус (жива рана)-особено кај родителите ,тетките ,чичковците или вујковците-или ако вие сте почуствувале некои од овие симптоми јавате се кај својот лекар за стручна помош .

Причинители[уреди | уреди извор]

Не е потврдена ниедна едноставна материја што го предизвикува лупусот (жива рана) ,иако проучувањата упатуваат на заклучок дека во основа на лупусот може да биде комбинација на генетски ,хормонски и имунолошки фактори .Изгледа склоноста кон развој на оваа болест е наследна особина . Елемантите на опкружувањето ,од вирусните ,од бактериските воспаленија ,силните емоционални стресови или претераната изложеност на сончева светлина може да имаат важна улога во предизвикувањето на оваа болест .Некои лекови ,како пеницилинот и антиконвулзивите ,може да предизвикаат симптоми слични на лупус .Високото ниво на естроген во текот на бременоста ,дополнителното естогенско лекување и оралните контрацептиви може да го засилат лупусот .Исто така, може да постои врска меѓу лупусот и силиконските влошки за гради .

Дијагностички постапки[уреди | уреди извор]

Дијагностицирањето на лупусот може да биде тешко зашто симптомите често личат на други болести и се разликуваат од човек до човек .Лекарот прво ќе се обиде да го исклучи синдромот на хроничен умор ,моноуклеозата и другите автоимуни болести .Некои анализи кои ќе ги направи лекарот вклучуваат целосна анализа на тромбоцитите и електрофореза на серумот за да се утврди нивото на белите крвни зрнца и на белковините во плазмата . Анализата на крвта на анти-ДНК антителата-која покажува дали имате антитела за нормална генетска содржина во одредени клетки-е крајниот метод за утврдување на лупусот .

Лекување[уреди | уреди извор]

Поради својата непредвидлива природа ,лупусот тешко се контрилира ,но внимателното самонабљудување и соодветно лекување може да помогне во поголемиот број а случаи .

Конвенционална медицина[уреди | уреди извор]

Кај полесните случаи ,нестероидните антивоспалителни лекови(НАВЛ) како што е ацетилсалицилната киселина(на пример аспиринот) можат да користат за ублажување на болките во зглобовите .Трајна исипаност и посилни болки во зглобовите можат да реагираат на анти маларските лекови ,како што е хидроксихлороквин .Пократок третман со костикостероиди го намалува воспалението и температурата и се препорачува кај избувнувањето на болеста .Имуносупресорите ,исто така ,го намалуваат воспалението, потиснувајќи ја ненормалната автоимуна активност. Антидепресивите и слабите анксиолитици можат да помагаат при проблеми со спиење кои често ја придружуваат оваа болест. Циклофосфамидите, кои го ослбодуваат имунолошкиот систем, можат да се користат за сериозни случаи на лупус кои вклучуваат и оштетувања на бубрезите. Малите исипувања на кожата може да се лекуваат со кортикостероиди кремови за локална примена кои можат да се купат без рацепт, послини лезии бараат да се препишат флуоринирни стероидни кремови или инјекции триамцинолон.

Алтернативни начини на лекување[уреди | уреди извор]

Иако никогаш не би трбало да бидат замена за прпишаните лекови ,постои цела низа алтернативни начини на лекување што можат да ги олеснат симптомите .Како додаток на лековите што се веќе наведени ,можеби ќе се определите за акупунктура ,кинески треви или различни облици на работа на телото .Советувајте се со специјалист за примената на овие начини на лекување .

Исхрана[уреди | уреди извор]

Луѓето заболени од лупус често се алергични на храна и тоа може да ги направи потешки нивните симптоми .Може да помогне утврдувањето и избегнувањето на проблематича храна . Промената во исхраната може да го намали воспалението и болките ,нутриционситите можат да препорачаат одстранување на свинското и говедското месо од исхраната ,како и на млечните производи ,а да се зголеми јадењето на риби кои се богати со масни киселини омега три-како што се скушите ,сарделите ,лососот-кои имаат атнивоспалителни својства .Бактериите на луцерката содржат материја за која во тестовите се покажало дека ги зајакнува симптомите ,па со тоа се препорачува тие да се избегнуваат . Дополнителни количества од следниве хранливи материи може да ги користат заболените од лупус :витамин Б-пет ,витамин Ц и витамин Е и препарати од брест .Бета-каротинот може да помогне во решавањето на дискоидниот лупус .Советувајте се со лекар или со нутриционист за препорачаните дози .

Лекување дома[уреди | уреди извор]

  • Избегнувајте да се изложувате на сонце со тоа што ќе носите заштитна облека (капи ,очила за сонце ,долги ракави и долги пантолони) со примена на средстава за заштита од сонце со фактор петнаесеет или поголем кои содржат парааминобензиочна киселина .
  • Одете полека во текот на денот за да ја зачувате енергијата и доволно одморајте се ,дури и ако тоа подразбира да прилегнете кратковремено неколку пати во текот на денот .

Превенција[уреди | уреди извор]

Со оглед на тоа дека никој не знае што предизвукува лупусот ,не постои никаков начин на превенција .На нападите може да се одговри со избегнување на нивните предизвикувачи ,како што се сончевата светлина ,стресот ,и недоволното спиење .Внимавајте на исхраната и правете телесни вежби .Натаму ,бележете ги своите симптоми-кога се појавиле ,што им предходело и колку долго траеле и приспособете го кон тоа својот дневен распоред .

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
  • За издавачот: Златко Макаровски
  • Уредник: Лавинија Шувака