Луна Егас
Изглед
Луна Егас ( 1925 во Битола — во 1943 во Треблинка, Полска) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите на Холокаустот.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Нејзините контакти со напредното младинско движење започнале непосредно пред почетокот на Војната. Во зимата 1942 година била примена за член на СКОЈ. Ангажирана е во акциите за растурање на летоци и собирање народна помош, а во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци. На 11 март 1943 година била депортирана во концентрациониот логор Треблинка во Полска. Била задушена во гасна комора.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]![]() ![]() | Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |