Лумен (анатомија)
За други значења на поимот, погл. Лумен.
Во биологијата, лумен е внатрешниот простор во тубуларна структура, како артерија или црево.[1] Во оваа смисла, терминот лумен исто така се користи за да се опише внатрешниот простор на некоја клеточна компонента или структура, како ендоплазматичен ретикулум.
Примери[уреди | уреди извор]
- Внатрешноста на крвните садови, како што е централниот простор во артерија или вена каде што тече крвта
- Внатрешноста на гастроинтестиналниот тракт[2]
- Внатрешност на бронхиите