Лулзим Алиу
| Лулзим Алиу | |
|---|---|
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 1977 (воз. 48–49 г.) година Кичево, СР Македонија, СФРЈ |
| Професија | Филолог |
Лулзим Алиу (роден во 1977 година во Кичево) ― македонски политичар и поранешен заменик министер за образование и наука во Владата на Македонија. Тој е од албанска народност. [1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Основното и средното образование го има завршено во родното место. Во 1999 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, тој ги завршил студиите по албански јазик и книжевност. Во 2006 година, тој го добил звањето магистер по филолошки науки од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
На истиот факултет во 2011 година, тој ја одбранил докторската дисертација на тема: „Граматичките категории на глаголот во романите на Исмаил Кадаре преведени од албански на македонски јазик“, со која го добил звањето доктор по филолошки науки.
Кариера
[уреди | уреди извор]Алиу десет години работел во основно училиште во Кичево.
Од 2000 година, тој е судски овластен преведувач од албански на македонски јазик и обратно.
Почнувајќи од 2009 година, тој работел/предавал на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, и во текот на тој период бил ангажиран и на Државниот универзитет во Тетово каде држел предавања по предметот Албански јазик.
Во 2020 година, Алиу бил избран за редовен професор на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, по предметите: Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца, Компаративна/креативна книжевност, Литературна работилница, за студентите од одделенска и предучилишна настава на албански наставен јазик.
Во 2020 година, тој бил избран за раководител на Институтот за предучилишно воспитание при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”.
Во периодот 2014-2018 година, Алиу бил раководител на втор циклус на студии при Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, во текот на истиот период бил и член на Комисијата за формирање на списокот на училишните лектири за основното образование - Биро за развој на образованието на РМ.
Трудови
[уреди | уреди извор]- „Metodika e mësimdhënies së gjuhës shqipe në ciklin e ulët të arsimit fillor“ („Методика на наставата по албански јазик во основното образование“) наставен текст кој е користен за потребите на студентите од Педагошкиот факултет во Скопје, 2019, ISBN 978-608-66370-0-2;
- „Stratifikimi shoqëror dhe arsimi“, („Општествена стратификација и образованието“), Focusprint, Скопје, 2020, ISBN 978-608-66370-1-9
- „E folmja e rrethittë Kërçovës“, Чабеј, Тетово, 2011, ISBN 978-9989-150-71-5.
- „Kategori të gramatikore të foljes në romanet e Ismail Kadaresë të përkthyera nga shqipja në maqedonishte“, тема на докторската дисертација, одбранета на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, 2011.