Лук Кенард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лук Кенард


Лични информации
Роден на 24 јуни 1996 (1996-06-24) (26 г.)
Роден во Мидлтон, Охајо
Националност САД САД
Висина 1,96 м
Тежина 91 кг
Позиција Бек шутер
Информации за кариерата
Колеџ Дјук (2015–2017)
Драфт 2017 / Рунда: 1 / Пик: 12
Избран од:
Детроит Детроит Пистонс
Проф. кариера 2017–
Моментален клуб
Клуб Детроит Детроит Пистонс
Број 5
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2017– Детроит Детроит Пистонс


Лук Кенард (роден на 24 јуни 1996 година) е американски кошаркар, бек шутер на Лос Анџелес Клиперс во НБА.

Колеџ кариера[уреди | уреди извор]

Кенард се запишал на Универзитетот Дјук за да игра колеџ кошарка.[1][2] Како фрешман во Дјук, Кенард имал во просек 11,8 бода, 3,6 скока и 1,5 асистенции по натпревар.[3][4] За време на неговата софоморска година, Лук во просек имал 19,5 бода, 5,1 скока и 2,5 асистенции по натпревар. Тој имал најдобар процент во својот тим во шут за три бода 43.8% и во изведување на слободни фрлања 85.6%. Како софмор, тој исто така бил избран во првиот тим на All-ACC.[5] По завршувањето на својата софоморска сезона, Кенард објавил дека ќе се откаже од правото во последните две колеџ години да игра кошарка и ќе влезе на НБА драфтот 2017.[6]

Колеџ статистика[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2015–16 Дјук 36 11 26.7 .421 .320 .889 3.6 1.5 .9 .2 11.8
2016–17 Дјук 37 36 35.5 .489 .438 .856 5.1 2.5 .8 .4 19.5

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Детроит Пистонс (2017–денес)[уреди | уреди извор]

На 22 јуни 2017, Кенард бил избран како 12-ти пик во првата рунда од Детроит Пистонс на НБА драфтот 2017.[7] Тој учествувал на НБА Летната лига во Орландо каде имал просек од 17,2 бода, 4,2 скока и 2,4 асистенции. Своето деби за Детроит Пистонс во НБА го имал на 20 октомври 2017, постигнувајќи 11 бода и 2 асистенции од клупата за резерви во поразот со 115-111 на гостувањето кај Вашингтон Визардс.[8] На 15 декември 2017, поради повредата на Ејвери Бредли Кенард за првпат бил стартер во еден НБА натпревар во победата со 104-98 на гостувањето кај Индијана Пејсерс забележувајќи 9 бода 5 скокови и 4 асистенции. На 30 декември 2017, Кенард постигнал највисоки во својата НБА кариера 20 бода во победата со 93-79 на домашен терен над Сан Антонио Спарс.[9] На 9 април тој го изедначил своето најдобро постигнување уфрлувајќи 20 бода во поразот од Торонто Репторс во последниот домашен натпревар на Пистонс за сезоната.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Luke Kennard commits to Duke
  2. Luke Kennard commits to Duke
  3. 19.1 PPG 2.3 RBG 4.5 ASG AS A JUNIOR Franklin’s Kennard elevating his game with Blue Devils
  4. Luke Kennard has been one of few sure things for Duke
  5. ACC ANNOUNCES ALL-CONFERENCE TEAM, POSTSEASON AWARDS Архивирано на 6 март 2017 г.
  6. Scott Gleeson (2017-04-06). „Duke's Luke Kennard declares for NBA draft, hires an agent“. usatoday.com. Посетено на 2017-04-06.
  7. Ellis, Vince (June 22, 2017). „Pistons take Duke's Luke Kennard with 12th overall pick in 2017 NBA draft“. Detroit Free Press. Посетено на June 22, 2017.
  8. Luke Kennard scores in double figures in NBA debut journal-news
  9. Detroit Pistons stun San Antonio Spurs upi

Надворешни врски[уреди | уреди извор]