Луков леб

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Луково лепче)
Луков леб

Луков леб (англ. garlic bread) е начин на служење леб кој содржи лук. Често се користи како едноставен додаток кон тестенини и други италијански јадења. Обично се состои од леб, врз или во кој има лук и путер или понекогаш маслиново масло (може и обете). Како таков се пече на скара додека не стане реш.

Честопати се прави од багета или од италијански леб: Лебот се засекува кон дното, но сепак не до крај, за парчињата да останат поврзани. Потоа помеѓу нив се и лук (или лук во прав). Потоа лебот се пече во рерна. Парчињата може и да се издвојат, па да се мачкаат поединечно.

Меѓу современите варијанти на луковиот леб наоѓаме такви врз кои се става кашкавал, често моцарела, чедар или пак бело сирење. Може да се додаде и фин нанос на рендан пармезан за повеќе вкус. Во мексиканските варијанти често се става кашкавал, салца и лути пиперчиња.

Замрзнатиот луков леб се појавил на пазарот во 1970-тите, а негов прв производител бил Колс Квалити Фудз од Мичиген.[1]

Веќе подолго време се расправа дали луковиот леб е варијанта на брускетата или пак американски изум.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]