Лука Барила

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лука Барила (роден на 12 мај 1960 година во Милано) е италијански милијардер стопанственик и заменик претседател "Барила Груп" ,[1] најголемата светска компанија за тестенини, која 85% е во сопственост на Лука, неговите браќа Гуидо и Паоло, и сестрата.

Барила ги направил своите први чекори во семејниот бизнис во 1980 година, а четири години подоцна, во 1984 година, по завршувањето на студиите во САД и воената служба во италијанската воена полиција Карабинери, тој е запишан како менаџер на производи.

Во 1987 година, Лука Барила станал член на Одборот на директори на семејната групација, чијшто заменик-претседател бил избран следната година. Од тој датум тој ја извршува оваа функција, како актуелен заменик-претседател на Групацијата.

Во 1997 година Лука Барила бил назначен за претседател на ГранМилано, лидерска компанија во производството на кондиторски производи. На оваа позиција тој бил до 2008 година, кога брендот бил продаден.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Luca Barilla Biography“. Barillagroup.com. Посетено на 2020-06-16.