Лукас Ернандез

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лукас Ернандез
Loko-AM2018 tren (4).jpg
Лукас Ернандез против Челси во 2018
Лични податоци
Полно име Лукас Франсоа Бернард Ернандез
Роден на 14 февруари 1996 (1996-02-14) (23 г.)
Роден во Марсеј, Франција
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 19
Младинска кариера
2005–2007 Рајо Мајадахонда
2007–2014 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2015 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид Б 21 (1)
2014– Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 35 (0)
Репрезентација
2012 Франција до 16 г. 1 (0)
2014 Франција до 18 г. 2 (0)
2014–2015 Франција до 19 г. 13 (0)
2015 Франција до 20 г. 3 (0)
2016– Франција до 21 г. 5 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 29 април 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18 ноември 2016

Лукас Франсоа Бернард Ернандез (роден на 14 февруари 1996 г.), познат едноставно како Лукас — француски професионален фудбалер кој игра за шпанскиот клуб Атлетико Мадрид главно како среден бек.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Марсеј, Франција, во моментот кога неговиот татко Жан-Франсоа играл за Олимпик Марсеј, Лукас се приклучил на младинската школа на Атлетико Мадрид во 2007 година на 11-годишна возраст.[1]

На 9 ноември 2013 година, додека сеуште бил јуниор, тој бил повикан во сениорскиот состав на Атлетико Мадрид од менаџерот Диего Симеоне за натпревар против Виљареал во рамките на Ла лига,[2] но сепак не добил шанса на натпреварот кој завршил со резултат 1–1.[3]

Својот прв сениорски натпревар во кариерата, Лукас го одиграл на 26 април 2014 година, настапувајќи за Атлетико Мадрид Б во поразот од 0–1 против Реал Сосиедад Б во Сегунда Дивизион Б.[4] Тој одиграл уште три натпревари за резервниот тим во сезоната, и помогнал тимот да се избори за опстанок; тој исто така потпишал нов договор со клубот во јуни 2014 година, со важност до 2018 година.[5]

Лукас првиот натпревар за првиот тим на Атлетико Мадрид го одиграл во декември 2014 година, одигрувајќи ги сите 90 минути во гостинската победа од 3–0 против Оспиталет во рамките на Копа дел Реј.[6] Своето деби во Ла лигата, Лукас го забележал на натпреварот против Атлетик Билбао, натпревар кој неговиот клуб го добил со 4–1, а Лукас влегол во игра од клупата за резервни играчи.[7]

На 10 август 2015 година, Лукас го обновил договорот до 2019 година и дефинитивно напредувал во првиот тим на Атлетико Мадрид.[8] На 15 март 2016 година, Лукас го одиграл својот прв натпревар во Лигата на шампионите, заменувајќи го повредениот Диего Годин во продолженијата од осминафиналниот натпревар против ПСВ Анјндховен (0–0 по 120 минути, 8–7 победа по изведување пенали);[9] тој исто така влегол во игра во продолженијата во финалето од Лигата на шампионите, натпревар кој Атлетико Мадрид го загубил на изведување пенали од Реал Мадрид.[10]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

(Податоци до 29 април 2017 година) [11]

Клуб Сезона Лига Куп Континентални Друго Вкупно
Дивизија Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Атлетико Мадрид 2014–15 Ла лига 1 0 3 0 0 0 0 0 4 0
2015–16 10 0 2 0 4 0 16 0
2016–17 12 0 5 0 3 0 20 0
Вкупно во кариерата 23 0 10 0 7 0 0 0 40 0

Личен живот[уреди | уреди извор]

Таткото на Лукас, Жан-Франсоа, бил исто така фудбалер и играл на позицијата среден бек. Тој исто така играл за Атлетико Мадрид[12]

Неговиот помлад брат, Тео, ја поминал школата на Атлетико Мадрид.[13] На 3 февруари 2017 година, Лукас бил уапсен поради сомнение за напад на својата девојка[14] која исто така била повикана да се појави на суд.[15]

Успеси[уреди | уреди извор]

Атлетико мадрид

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Lucas Hernández: el 'jefazo' de la cantera“ [Lucas Hernández: the 'big boss' of the defence]. Mundo Deportivo (Spanish). 14 June 2013. конс. 6 December 2014. 
  2. „Lucas Hernández: "Es un sueño poder estar en la convocatoria del primer equipo"“ [Lucas Hernández: "It is a dream to be in the first team's list]. Vavel (Spanish). 9 November 2013. конс. 6 December 2014. 
  3. „El Atlético saca provecho de su manual de supervivencia“ [Atlético takes advantage of their survival guide]. Marca (Spanish). 10 November 2013. конс. 6 December 2014. 
  4. „El Atlético B cayó de penalti en Zubieta“ [Atlético B fell from the penalty spot at Zubieta] (Spanish). Atlético Madrid. 26 April 2014. конс. 6 December 2014. 
  5. „Lucas, primer 'fichaje'“ [Lucas, first 'signing']. Marca (Spanish). 11 October 2014. конс. 6 December 2014. 
  6. L'Hospitalet 0–3 Atletico Madrid: Griezmann and Gabi grind out the win“, Goal.com, 3 декември 2014 (посет. 6 декември 2014 г).
  7. „Griezmann fue Diego Costa“ [Griezmann was Diego Costa]. Marca (Spanish). 21 December 2014. конс. 21 December 2014. 
  8. „Lucas Hernández renueva hasta el 2019“ [Lucas Hernández renews until 2019] (Spanish). Atlético Madrid. 10 August 2015. конс. 10 August 2015. 
  9. „Atlético Madrid overcome PSV in lengthy shoot-out“. UEFA.com. 15 March 2016. конс. 15 March 2016. 
  10. 10,0 10,1 Spot-on Real Madrid defeat Atlético in final again“, UEFA.com, 28 мај 2016 (посет. 30 мај 2016 г).
  11. „Lucas Hernández Socceway Profile“. конс. 1 May 2017. 
  12. „Lucas, el futuro jefe de la defensa“ [Lucas, the future boss of the defence]. ABC (Spanish). 5 December 2014. конс. 6 December 2014. 
  13. „Theo y Lucas, dos hermanos del Atlético sobre el campo 60 años después“ [Theo and Lucas, two brothers from Atlético on the field 60 years later]. Mundo Deportivo (Spanish). 6 February 2016. конс. 21 July 2016. 
  14. Atletico Madrid defender Lucas Hernandez arrested“, BBC Sport, 3 февруари 2017.
  15. Así fue la pelea entre Lucas Hernández y su pareja“, 7 февруари 2017. (на es)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]