Лукас Биглија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аргентина Лукас Биглија
Lucas Biglia (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 30 јануари 1986 (1986-01-30) (33 г.)
Роден во Мерседес, Аргентина
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Милан Милан
Број 21
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2005 Аргентинос Хуниорс Аргентинос Хуниорс 17 (1)
2005-2006 Индепендиенте Индепендиенте 49 (0)
2006-2013 Андерлехт Андерлехт 195 (10)
2013-2017 Лацио Лацио 104 (13)
2017 Милан Милан 44 (2)
Репрезентација
2005 Аргентина Аргентина 20 8 (0)
2011- Аргентина Аргентина 58 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 мај 2019.
† Учества (Голови).

Лукас Родриго Биглија (роден на 30 јануари 1986 година, во Мерседес) е аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Милан и на аргентинската репрезентација.

За сениорската репрезентација на Аргентина дебитирал во 2011 година и оттогаш е стандарден репрезентативец, а претходно тој настапувал и за репрезентацијата под 20 години, со која триумфирал на Светското првенство за играчи под 20 години во 2005 година.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Биглија има италијанско потекло, бидејќи неговите предци биле од Фиренца. Во април 2009 година, тој добил италијански пасош.[2]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Внатрешен играч од средниот ред кој има улога на плејмејкер, или како што во Италија ја нарекуваат таа позиција реџиста, со значителна техника, карактер и визија за играта. Ужива брзо размислување и способност за добри и прецизни проигрувања, како и чувство за асистенции за гол.

Кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата во Аргентина[уреди | уреди извор]

Биглија ја започнал својата кариера во Аргентинос Хуниорс. Сепак, недостатокот на настапи за првиот тим го натерало играчот да го напушти клубот по само 17 одиграни натпревари и постигнат еден гол.

Во 2005 година, тој се преселил во Индепендиенте за необјавена сума. Во првата половина од неговата сезона во Индепендиенте, тој направил единаесет настапи пред да стане прв играч на тимот во следната сезона, каде што тој играл во секој еден натпревар.

Андерлехт[уреди | уреди извор]

Биглија (со број 5) во пријателски натпревар против Ред Бул Салцбург во 2012.

Во јули 2006 година, по една и пол сезона во Индепендиенте, Биглија направил трансфер во белгискиот прволигашки гигант Андерлехт, потпишувајќи договор со четири-годишна трајност.[3] По преселувањето во Белгија, Биглија го зел дресот со бројот пет на грбот, кој никогаш нема да го смени за време на неговата кариера во Андерлехт.[4][5] Биглија претходно бил на проби во шпанските клубови Валенсија и Виљареал. Играјќи за Андерлехт, Биглија имал постојано добри настапи во средниот ред, пред да стане капитен на клубот. Заради техничкиот стил на игра Биглија честопати го споредуваат со сонародникот Фернандо Редондо, кој истотака го носел дресот со број 5 во поголемиот дел од неговата кариера. Биглија е познат по своите точни додавања, и тврдите стартови, кој често резултираат со добивање на жолт картон. Биглија се смета за еден од најдобрите играчи на Андерлехт од средината на теренот, и за омилен меѓу навивачите.

Во сезоната 2006-2007, Биглија го направил своето деби за клубот, влегувајќи како замена за Марк Де Ман кој се жалел на повреда, а Андерлехт издвојувал победа со 4-2 над Сент Труиден во тој прв натпревар од сезоната. Првично, Биглија имал потешкотии во почетокот, откако бил изоставени за натпреварот од Суперкупот на Белгија, што Андерлехт го освоил втор пат по ред. Неговиот соиграч Ивес Вандерхаге, кој исто така бил играч од средниот ред и, исто така, знаел да зборува шпански, почувствувал симпатии кон Биглија и му помогнал многу да се прилагоди на животот во Белгија. Тој, исто така, го направи своето деби во Лигата на шампионите, кога Андерлехт одиграл нерешено 1-1 против Лил во првото коло од групната фаза. Подоцна во текот на сезоната, Биглија станал многу важен играч за клубот. Кон крајот на сезоната, тој постигнал погодок од пенал, во убедливата победа на Андерлехт над Брисел со 6-0, постигнувајќи го така својот прв првенствен гол во Белгија. Првата сезона на Биглија во клубот му донела триумф во шампионатото.

Со текот на сезоните и успешните настапи на Биглија во Андерлехт, се зголемувале и интересите од другите клубови за него. Во текот на сезоната 2010-11, Андерлехт одбил понуда од 4,5 милиони евра од Галатасарај, со образложение дека понудената сума е мала за да се одречат од еден од најдобрите играчи во тој момент во клубот.

Во текот на сезоната 2011-2012, Биглија потпишал нов договор, во трајност до 2015 година.[6] Меѓутоа по Копа Америка, Биглија изјвил дека сака да го напушти Андерлехт, за да може да се тестира себе си во другите лиги.[7] Еден месец подоцна, Биглија бил назначен за заменик-капитен од страна на новиот тренер Ариел Џејкобс, додека Оливие Дешахт останал прв капитен. Наскоро поради повредата на Дешахт, Биглја ја презел капитенската лента за времето кога Дешахт бил отсутен и ја носел во секој натпревар на Андерлехт па дури и кога Дешахт се вратил на теренот повеќе не бил капитен.[8] Во текот на сезоната, Биглија постигнал два првенствени гола против екипите на Монс и Сент-Труиден. На крајот на сезоната, клубот и Биглија освоиле уште една лигашка титула.

Пред почетокот на сезона 2012-13, Биглија уште повеќе бил поврзан со заминување од Андерлехт откако тој бил на проби во Арсенал[9], Норич Сити[10], Реал Мадрид и Интер. Подоцна во текот на јануари 2013, Саутхемптон бил најзагреан да го доведе Биглија во својте редови, откако играчот најавил дека сака да си замине од Андерлехт. Сепак, и оваа зделка пропаднала и Биглија останал во Андерлехт да ја доигра сезоната 2012-2013 и да освои уште една титула Првак на Белгија.

Лацио[уреди | уреди извор]

На 23 јули 2013, Биглија потпишал петгодишен договор со Лацио.[11] За ова искуство се одлучил да го избере дресот со број 5, истиот број го носел претходно во Андерлехт. На 18 август 2013, го имал своето деби во поразот со 4-0 од Јувентус во Суперкупот на Италија.[12] На 25 август, го направил своето деби во италијанскиот шампионат, во победата со 2-1 над Удинезе. На 22 декември 2013, го постигнал својот прв гол во дресот на Лацио; Биглија постигнал убав погодок со глава, против Верона за моментален резултат 1-1, но натпреварот завршил со катастрофален пораз на Лацио со 4-1 за домаќините.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2005 година, Биглија бил дел од репрезентацијата на Аргентина која победила на Светското првенство за фудбалери до 20 години во Холандија. Своето деби во сениорската репрезентација на Аргентина, Биглија го имал на 9 февруари 2011 против Португалија во Женева, кога Аргентина победила со 2-1. Откако одигра неколку натпревари на сениорско ниво на 1 јуни 2011, тој се нашол на списокот на селекторот Серхио Батиста за Копа Америка, каде Аргентина стигнала само до четвртфиналето.

Репрезентативна хронологија на настапи и постигнати голови[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Белгија Андерлехт[уреди | уреди извор]

Аргентина Аргентина[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA World Youth Championship Netherlands 2005 Teams: Argentina“. FIFA. конс. 30 July 2009. 
  2. Chase hots up for Biglia“, Sky Sports, 8 април 2009 (посет. 6 февруари 2013 г).
  3. The Argentine Lucas Biglia four years at Anderlecht“, Lalibre.be, 20 мај 2006 (посет. 5 јуни 2013 г). (на French)
  4. Lucas Biglia signs 4-year contract“, RSCA.be, 20 мај 2006 (посет. 5 јуни 2013 г).
  5. Biglia signs for four seasons at Anderlecht“, De Standaard, 20 мај 2006 (посет. 5 јуни 2013 г). (на Dutch)
  6. Lucas Biglia extends contract with Anderlecht until 2015“, De Standaard, 1 јуни 2011 (посет. 6 февруари 2013 г). (на Dutch)
  7. Biglia seeks Anderlecht exit“, Sky Sports, 17 јули 2011 (посет. 6 февруари 2013 г).
  8. Olivier Deschacht gives captaincy off“, De Standaard, 28 септември 2011 (посет. 5 јуни 2013 г). (на Dutch)
  9. Biglia on Wenger agenda“, Sky Sports, 16 август 2012 (посет. 6 февруари 2013 г).
  10. Canaries to swoop for Biglia“, Sky Sports, 24 август 2012 (посет. 6 февруари 2013 г).
  11. „Comunicato: Luca Biglia è della Lazio“. 23 luglio 2013. конс. 10 luglio 2014.  Unknown parameter |editore= ignored (помош);
  12. soccerway.com, уред. (18 agosto 2013). „Juventus 4-0 Lazio“. конс. 11 luglio 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]