Луис Мејнтџес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луис Мејнтџес
Мејнтџес на Тур де Франс 2016
Лични податоци
Цело имеЛуис Мејнтџес
Роден21 февруари 1992 (1992-02-21) (27 г.)
Преторија, Јужна Африка ЈАР
Висина1,73 м
Маса59 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Дименжн Дата
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за искачување
Аматерски клубови
2011
2012
УК Серен Крабе Перформанс
Лото Белисол У23
Професионални клубови
2013-2015
2016-2017
2018-
МТН Кубека
Лампре-Мерида
Тим Дименжн Дата
Значајни победи
Етапни трки
Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали (2015)

Еднодневни трки и класици

MaillotSudáfrica.PNG Национален друмски првак (2014)
Последна промена
31 мај 2019

Луис Мејнтџес (холандски: Louis Meintjes; р. 21 февруари 1992 во Преторија) — јужноафрикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Дименжн Дата.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

МТН-Кубека (2013–2015)[уреди | уреди извор]

Луис влегол во велосипедскиот свет во септември 2013 година, кога го освоил сребрениот медал на Светското друмско првенство под 23 години. Луис имал импресивна сезона 2014, кога ја извозел и својата голема трка, Вуелта а Еспања 2014. Негов најдобар резултат на шпанската трка било петтото место на четиринаесеттата етапа.[2] Во март 2015 година, Мејнтџес ја освоил завршната етапа на Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали, обезбедувајќи ја и крајната победа.[3] Бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[4] Завршил петти на планинската етапа до Плато де Бел пред да го напушти Тур поради болест. Завршил на 10. место во генералниот пласман на Вуелта а Еспања.

Лампре-Мерида (2016–2017)[уреди | уреди извор]

2016[уреди | уреди извор]

Во септември 2015 година, при учеството на Вуелта а Еспања 2015, Мејнтџес објавил дека ќе се приклучи на Лампре-Мерида на две години почнувајќи од 2016 година.[5]

Ја започнал сезоната 2016 на Тур Даун Андер и завршил на 16. место и петти во пласманот за белата маичка. Меѓутоа, Мејнтџес ја покажал својата одлична форма на Критериум ди Дофине завршувајќи деветти на крај и петти на етапата до Мерибел. Потоа возел на Тур де Франс, каде покажал неверојатна форма, освојувајќи го осмото место на крај и второто место во пласманот за белата маичка. Бил деветти по десеттата етапа, но на следната етапа изгубил време поради накрсни ветрови. Се опоравил и имал одличен планински хронометар на етапата 18, враќајќи го своето 9. место. На следната етапа, Мејнтџес завршил четврти спринтајќи со Родригез и Валверде. Завршил со фаворитите на следната етапа, со што го добил осмото место во Париз. Следна трка на Мејнтџес била олимписката друмска трка, каде завршил седми пред да отпадне на завршното искачување, меѓутоа се вратил со спринт на целта.

2017[уреди | уреди извор]

Мејнтџес завршил на шестото место на Трката околу Баскија и два месеци подоцна завршил осми на Критериум ди Дофине. На Тур де Франс, Мејнтџес уште еднаш бил предводник на екипата за ОАЕ Абу Даби, и бавно се искачувал меѓу првите десет во втората седмица, откако завршил петти на етапата 12.[6] Се искачил уште две места во завршната недела и завршил осми во генералниот пласман по втор пат во неговата кариера на Тур. Негова последна трка во сезоната била Вуелта а Еспања, каде Мејнтџес завршил на 12. место.

Тим Дименжн Дата (2018–денес)[уреди | уреди извор]

Мејнтџес се вратил во неговата поранешна екипа, Тим Дименжн Дата, за сезоната 2018. Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија.[7] Меѓутоа, имал проблеми со неговата форма низ пролетта и не бил постојан. На крајот ја напуштил трката во завршната седмица. Негов најдобар резултат во сезоната била завршната трка за подготовка за Вуелта а Еспања, Вуелта а Бургос, каде завршил на деветтото место. Мејнтџес повторно се мачел на Вуелта а Еспања и завршил само на 58. место на крајот.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално јуниорско хронометарско првенство
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално јуниорско друмско првенство
2011
1. Етапа 3 Триптик Арденес
2. Национално друмско првенство под 23 години
Африканско континентално првенство
2. Екипен хронометар
2. Индивидуален хронометар
3. Синт-Ламбрехтс-Херк
4. Краен пласман Анатомик Јок Рејс
5. Друмска трка Вален
2012
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Фаст Уан
2. Национално друмско првенство под 23 години
3. Обел (Лиеж)
5. Краен пласман Класик Си Отер
6. Краен пласман Тур де По де Савоја
7. Национално хронометарско првенство
10. Национално друмско првенство
2013
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Национално друмско првенство
2. Светско друмско првенство под 23 години
2. Краен пласман Трка околу Руанда
4. Национално хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Тајван
9. Краен пласман Трка околу Кореја
1. Етапа 5 (ТТТ)
10. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
2014
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално друмско првенство
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално друмско првенство под 23 години
1. MaillotSudáfrica.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
2. Краен пласман Трка Мзанси
1. Етапа 2
1. Пласман за млад возач
1. Планински пласман
5. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2015
1. Краен пласман Jersey green.svg Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 4
1. Африканско друмско првенство
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Сиркут Сиклист Сарт
Африканско континентално првенство
2. Екипен хронометар
4. Индивидуален хронометар
3. Национално хронометарско првенство
6. Краен пласман Трка околу Оман
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
8. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
2016
7. Олимписка друмска трка
8. Краен пласман Тур де Франс
9. Краен пласман Критериум ди Дофине
2017
6. Краен пласман Трка околу Баскија
8. Краен пласман Критериум ди Дофине
8. Краен пласман Тур де Франс
2018
9. Краен пласман Вуелта а Бургос
2019
3. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey pink.svg Џиро СО
Jersey yellow.svg Тур СО 8 8
Jersey red.svg Вуелта 55 10 40 12 58
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
Jersey yellow.svg Париз-Ница 22 СО
Jersey blue.svg Тирено-Адријатико 39 17
MaillotVolta.png Волта а Каталуња СО 35 52
Jersey yellow.svg Трка околу Баскија СО 6
Jersey yellow.svg Тур де Романди СО 20
Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ди Дофине 52 9 8
Jersey yellow.svg Тур де Свис 26

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Louis Meintjes signs for Dimension Data“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 14 август 2017 (посет. 2 јануари 2018 г).
  2. Excellent team performance allows Meintjes to climb to 5th“, 6 септември 2014 (посет. 6 септември 2014 г).
  3. Meintjes wins finale stage 4 and overall title at Coppi e Bartali“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 март 2015 (посет. 29 март 2015 г).
  4. „2015 Tour de France start list“. Velo News. конс. 2 јули 2015. 
  5. Бенсон, Даниел (3 септември 2015). „Louis Meintjes signs for Lampre-Merida“. cyclingnews.com. конс. 3 септември 2015. 
  6. Chris Froome loses yellow jersey to Fabio Aru as Romain Bardet wins Tour de France summit finish“, „Cycling Weekly“, 13 јули 2017 (посет. 31 октомври 2018 г). (на (англиски))
  7. „2018: 101st Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. конс. 3 мај 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]