Лузонски Проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Old Japanese map of the Luzon Strait

Лузонски Проток (филипински: Kipot ng Luzon) — проток помеѓу Тајван и островот Лузон во состав на Филипините. Ги поврзува Филипинското и Јужнокинеското Море во западниот дел на Тихиот Океан.[1][2]

Опис[уреди | уреди извор]

Протокот е широк околу 250 км и во него лежат две островски групи: Батанес во истиомената покраина, и Бабујан во покраината Кагајан, обете во состав на Филипините.

Поделен е на повеќе помали протоци. Бабујанскиот Проток го двои Лузон од архипелагот Бабујан, кој пак е одвоен од архипелагот Батанес со Балинтаншкиот Проток. Батанес е одделен од Тајван со протокот Баше.

Има голема важност како минувалиште во товарниот сообраќај и комуникациите. Многу бродови од Јужна и Северна Америка одат низ него за да стасаат до важните источноазиски пристаништа. Низ него минуваат разни голем број подводни кабли за телефонски и семрежни кабли кои ги опслужуваат континентална Кина, Хонгконг, Тајван, Јапонија и Јужна Кореја.[3]

Северно од протокот се забележани огромни бранови со висина до 170 м. Овие бранови се меѓу најголемите во светот, и настануваат поради плимите и морските струи, но најчесто остануваат под вода и затоа не се опасни за бродовите. Ова колебање во голема мера е производ среќавањето на подводните движења со долгиот срт во правец север-југ кој се протега низ речиси целиот проток, а во северниот дел се зголемува со среќавањето со уште еден напореден срт.[4] Протокот е длабок од 3.500 до 4.000 м северно-јужните бразди во средината и по југозападниот раб.

Историја[уреди | уреди извор]

Лузонскиот Проток бил на патот на јапонските за инвазија на теротири во Втората светска војна. На 8 декември 1941 г. (истиот ден кога е нападнат Перл Харбор поради меѓународната датумска граница), јапонските сили слетале на Батанес. На 10 декември веќе го окупирале островот Камигин де Бабујанес во архипелагот Бабујан (не се работи за Камигин северно од Минданао) во наскоро напуштен обид да се воспостави хидроавионска база, и истиот ден слетале кај Апари, Кагајан на Лузон.

Подоцна во текот на војната, многу американски подморници ловеле јапонски конвои кои минувале низ протокот враќајќи се за Јапонија од Источните Инди.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Pacific Ocean". CIA World Factbook. посет. 20 јуни 2011 г.
  2. "Southeast Asia Map". CIA World Factbook. посет. 20 јуни 2011 г
  3. Greenlees, Donald and Arnold, Wayne, 29 декември 2006. "Asia scrambles to fix quake damage to data cables". CNET News.com.
  4. Oskin, Becky (2014-01-09). "Ocean's Huge Hidden Waves Explained"". LiveScience.com. посет. 13 јануари 2014 г.

Шаблон:List of Philippine seas