Лузер фест

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лузер-фест — македонски музички фестивал што се одржува во Скопје. На фестивалот учествуваат млади групи кои сè уште немаат официјално издание. Во минатото фестивалот се викал Винер фест, а преименувањето се случило во 2007 година како последица на статистиката дека најголем дел од бендовите - победници на претходните изданија се распаднале.

Меѓу групите коишто низ годините настапиле на овој фестивал можат да се издвојат Лоши Деца, Storm, Верка, Визија, ТВ Рејџ, Боргот, ФИСТ, Ска Рингишпил, Новиот Почеток, Hardfaced, Синиак, Conquering lion и многу други.

Лузер фест 2014[уреди | уреди извор]

По пауза од неколку години, во 2014 повторно се одржал фестивалот „Лузер-фест“, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, а во организација на продукциската куќа „Пасворд“.

На фестивалот, на две сцени, настапиле следниве групи:[1]

  • Амбер вирга
  • Кортекс
  • Катинг еџ (Cutting Edge)
  • Колт
  • Проблем солвд (Problem Solved)
  • Проџект 2501 (Project 2501)
  • Скопје кру (Skopje Crew)
  • Протагонист
  • Аутор
  • ТВ рејџ (TV Rage).

Нјадобрите групи биле избрани врз основа на гласовите на публиката и на жири комисијата во состав: Петар Младеновски од групата „Суперхикс“, Васко Атанасоски од групата „Бернајс пропаганда“, музичкиот новинар Тошо Филиповски и Енис Хаџиќ од групата „Ласт експедишн“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Рокерска жири комисија и публиката ќе одлучуваат на Лузер-фест“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 25.