Луд по Ејми
Луд по Ејми (англиски: Chasing Amy) е американски филм од 1997 година, во режија на Кевин Смит. Главните улоги ги толкуваат: Бен Афлек, Џои Лорен Адам, Итан Сапли, Скот Мосие, Џејсон Ли, Мет Дејмон итн. Филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“
Содржина
[уреди | уреди извор]Холден (го игра Афлек) е популарен андерграунд уметник кој со својот долгогодишен пријател Банки (го игра Ли) го создава култниот стрип „Искренко и Давеж“. Стрипот му носи голема популарност и голем успех кај девојките. Двајцата другари се сложуваат извонредно, додека не ја запознаат згодната Алиса (ја игра Лорен Адамс), која, исто така, црта стрипови. Холден смета дека тој и Алиса се создадени еден за друг, но дознава дека таа е лезбијка. И покрај тоа, тој сака да бидат заедно. Додека тие се во врска, Банки е лут и несреќен, а вистинскиот судир се случува кога Холден ќе дознае сè за нејзиното минато.[1] [2] [3]