Лудвик Куба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лудвик Куба во 1890-те.

Лудвик Куба фолклорист, музиколог и сликар. Голема страст и животна определба му била да патува по словенските земји и да ги бележи и проучува нивните народни песни и инструменти. Неговото капитално дело е „Slovanstvo ve svych zpevech“ во 15 тома. За Македонија особено е значајна неговата собирачка дејност објавена во ⅩⅣ том „Pisne Makedonske” (1929). Тој е првиот етномузиколог што во своите анализи на македонската народна песна јасно укажал на влијанијата на ориенталната и западноевропската струја. Своето одушевување од македонската песна го изразил и со познатата реченица: „Таа е прекрасен мозаик од многу ефектен мермер.”