Лудвиг Берне

Лудвиг Берне (роден 6 мај 1786 - починат 12 февруари 1837) - германско-еврејски писател за теми од областа на политиката и сатиричар. Припаѓа на движењето наречено „Млада Германија", кое претставува група на германски писатели која постоела од 1830 до 1850 година. Лудвиг бил поет и политички филозоф. Починал во Париз на педесет годишна возраст.
Почеток на животот
[уреди | уреди извор]Лудвиг Берне е роден на 6 мај 1786 година во Франкфурт на Мајна во еврејско семејство. Син е на банкарот Јакоб Барух. Неговиот дедо бил владин бирократ.
Образование
[уреди | уреди извор]Лудвиг Берне и неговиот брат имале приватни часови од Јакоб Сахс, а подоцна и од Ректор Моше. На 14 години заминал да учи медицина кај учителот Хецел во Гисен. По една година Лудвиг бил испратен во Берлин да продолжи со изучувањето на медицината. Таму негов учител бил физичарот Маркус Херц, кај кого и престојувал. Понатаму учел на универзитетот во Хале. Своето образование го завршил на универзитетите во Хајделберг и Гисен, каде што студирал право и политички науки.
Познати дела
[уреди | уреди извор]- (1822) Уметникот за храна
- (1826) Меморијален говор на Жан Пол
- (1829) Монографија на германскиот полжав по пошта
- (1829–1834) Драматуршки трудови
- (1837) Менцел францускиот јадач
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дела од или за Лудвиг Берне на Семрежниот архив
Дела од Лудвиг Берне на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)
- Лудвиг Берне на Find a Grave (англиски)