Прејди на содржината

Лугу (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лугу (езеро)
Езеро Лугу
Сливни земји Кина
Најг. должина9,4 км
Најг. ширина5,2 км
Површина&1000000000000004850000048,5 км2
Најг. длабочина93,5 м
Од чамец на езерото Лугу

Лугу (упростен кинески: 泸沽湖; традиционален кинески: 瀘沽湖; пинјин: Lúgū Hú) — езеро кое се наоѓа на северозапад од висорамнината Јунан, а средината на езерото претставува граница меѓу округот Нингланг во покраината Јунан и округот Јенјуен во покраината Сичуан. Се верува дека езерото настанало во геолошки расед кој припаѓа на геолошкиот период доцен кенозоик. Тоа е алпско езеро на надморска височина од 2.685 м и е највисокото езеро во покраината Јунан. Езерото е опкружено со планини и има пет острови, четири полуострови, четиринаесет заливи и седумнаесет плажи.[1][2][3][4][5][6]

На бреговите на езерото живеат многу помали етнички групи, како што се Мосуо, Норзу, Ји, Пуми и Тибетанци. Најбројни од нив се народот Мосуо за кои се вели дека се потклан на народот Нашји (според кинеската евиденција на малцинствата во Кина) со древна семејна структура која се смета за „жив фосил за истражување на историјата на брачниот развој на човековите суштества“ и „последното необично царство на матријархатот“. Се смета за дом на племето Мосуо.[2][3][7][8] Меѓутоа, Мосуо имаат одвоен идентитет од Нашји, бидејќи се вели дека Кинезите го користеле зборот Мосуо како генерички термин за различни етнички групи, вклучувајќи ги и Нашјите.

Езерото Лугу според народот Мосуо се нарекува „матично езеро“.[9] Езерото е исто така добро познато во кинеските патописни брошури како регион на „Амазонки“, „Кралство на жените“ и „Дом на матријархалното племе“, ова име ја истакнува доминантната улога на жената Мосуо во нивното општество.[3] Обредните венчавки на народот Мосуо се познати како церемонија на „езу венчавки“ и овој единствен аспект на нивната социјална култура ѝ ја дал титулата на оваа област „егзотична земја на ќерките“.[4] Исто така е познато и како „необично царство на матријархатот“.[10][11][12] Матријархално општество и општество по мајчина линија Мосуо исто така се нарекува и „свет на жените“.[13]

Етимологија

[уреди | уреди извор]

На Мосуо јазикот Лугу значи „паѓа во вода“, а ху значи „езеро“ на кинески, што во комбинација го дава името на езерото.[10]

Географија

[уреди | уреди извор]
Езерото Лугу наутро
Поглед на езерото Лугу од блиската жичарница
Островот на кој живеел Јозеф Рок

Езерото Лугу е природно езеро во планинскиот систем Хенгдуан и има форма на потковица. Ограничено е со географски координати 27°40′59″N 100°45′00″E / 27.683°N 100.75°E / 27.683; 100.75 и 27°45′00″N 100°49′59″E / 27.75°N 100.833°E / 27.75; 100.833. Сместено е на висока висорамнина на ридот Ќаоленгшен во западен Јунан. Лионската планина која го опкружува езерото, која се обожава како божица Гамо, главно е божeство на народот Мосуо кои го населуваат тоа подрачје. Езерото има слив со големина од 171,4 км². Езерото воглавно потекнува од врнежи, а неговата вода има тиркизно сина боја. Јужниот брег на езерото се наоѓа во автономната регија Ји во Нингланд. Должина на езерото е 9,4 км, широчина 8 км (средна ширина е 5,2 км), површина на водата е 50 км² (се споменува и 48,5 км²) и просечна длабина е 45 м. Најголема длабочина на езерото изнесува 93,5 м (90 м се исто така се споменува во некои референци) што го прави второ најдлабоко езеро во Кина, по езерото Фуксианху. Езерото Лугу е порабено од двете страни со стрмни планини и делумно пошумени падини; го напојува реката Мосуо, а истекува во реката Гаизу, која се спојува со реката Јалонг и конечно се влева во реката Јангцекјанг. Геолошки, се претпоставува дека е едно од најмладите раседни езера на висормнината Јунан.[1][3][4][11][12][14]

Реката Гајѕу, која извира од езерото на неговиот југоисточен крај, има контролиран излез кој работи само во текот на дождовната сезона и останува затворен од септември до мај. Езерото Лугу е покриено со снег три месеци во годината; на есен и пролет има ладна и сува клима со топли дневни температури.[3][4][5]

Водите покажуваат транспарентност до длабочина од 11 метри, а самото езеро има четири истакнати полуострови и пет острови. Петте острови се: островот Хејваву во средиштето на езерото, кое го населуваат различни птици, островот Ливуби, островот Лиге, островот Никси (најмалиот остров, карпа со долгнавеста форма покриена со грмушки и мов) и островот Лама. Трите полуострови и островот се поврзани со брегот со камени поплочени патеки.[3][4][5][10][11]

Кривулестите брегови на езерото ги заземаат неколку етнички малцинства кои припаѓаат на племињата Мосуо, Норзу, Ји, Пуми и Тибетанци. На брегот се наоѓаат селата Луошуеј и Лиге, кои се популарни туристички дестинации. Изградени се многу плажи кои станале популарни туристички атракции. Пешачката тура по должината на периферијата на езерото е популарен начин за набљудување на прекрасното езеро и неговите предели.[15]

До 1982 година до езерото немало патишта. Езерото е оддалечено 200 км од градот Лиѓанг, седиште на покраината Нингланг, по должина на патот кој поминува низ некои од најживописните знаменитости на патот помеѓу Џунгдјен и Декуин. На патот, меѓутоа, влијае лошото време.[3][4][12]

Со кануа може преку островот Лама да се стигне до селото Луошуеј на јунанската страна и селото Мукуа на сичуанската страна на езерото. Кануата на локалниот јазик се познати како „зукачуан“, што значи „чамци - свињски корита“. Патеката за трекинг, која е популарна кај будистичките поклоненици, започнува во Луошуеј и таму исто така завршува. Будизмот е распространет околу езерото, бидејќи на бреговите на езерото има манастири од тибетски тип, воглавно од редот Гелугпа, воспоставени од народот на тибетски бурманци кои се населиле околу езерото; важни манастири на бреговите се Даминг Гонпа или Јирадзонг Гонпа, Шуби Гонпа, Озер Гонпа, Галонг Гонпа и манастирот Ѓембу, последниот припаѓа на редот Сакија [5][10]

Историјата на местото е исто така добро позната по својата матријархална култура, а исто така и по облеката посебно на жените и девојките Мосуо, која е особено впечатлива по своите блузи и здолништа кои воспоставуваат аура на авторитет.[5]

Мочуришно земјиште на периферијата на езерото Лугу
Поглед на тревната вода на брегот на езерото Лугу
Ottelia acuminata var. crispa. Моментално, можеме да ја видиме само во езерото Лугу, бидејќи може да расте само во исклучително чиста вода. За време на сезоната на цветање, глетката на мали бели цветови кои го прекриваат езерото е спектакуларна.

Историја

[уреди | уреди извор]

Кублај-хан со својата монголска војска основал воен штаб јужно од езерото Лугу. Следела феудална влада кога тука биле сместени офицери и трупи. Кублај-хан го вовел будизмот и ги применил правила на цивилна управа, заедно со верски начела, околу езерото Лугу и Јонгнинг. Во тоа време практиката на моногамен брак која ја практикувале службеници на монголската војска исто така била прифатена и меѓу етничкиот народ Мосуо, особено во селата Јанкуба и Туодиан.[4]

Шарено облечени девојки од Мосуо
Мосуо момчиња
Облека за верски церемонии на Мосуо, фотографија нснимена во Мосуо народниот музеј

Древна легенда врзана за езерото е дека преубав женски дух по име Гему имал многу локални планински духови како свои машки пријатели. Духот бил убав, а исто така имал машки пријатели и меѓу машки духови од другите планински регии. За време на еден од нејзините интимни дружења со локален машки дух, планинскиот дух од далечна планина дошол во нејзината куќа на коњ. Кога ја затекнал во друштво со локален машки дух, се почувствувал понижен и бргу го завртел коњот и тргнал назад. Гему го чула режањето на коњот и сфатила дека на коњ и дошол далек планински дух во посета. Изалегла од куќата и почнала да трча по духот посетител. Можела да го види само големиот отпечаток од копито во подножјето на планината каде машкиот дух исчезнал. Бидејќи паднала ноќта, Гему не можела понатаму и таа почнала избезумено да плаче, што резултирало со тоа отпечатокот од копитото да се наполни со солзи и да се претвори во езеро. Кога машкиот дух слушнал како плаче и видел дека отпечатокот од копито се претворил во езеро од нејзините солзи, со љубов фрлил неколку бисери и цвеќе во езерото. Бисерите се сега идентификувани како острови во езерото, а за цвеќе кое испливало на брегот на езерото се зборува дека е мирисната азалеја и друго цвеќе кое цвета секоја година.[4]

Друга легенда која раскажува за создавањето на езерото е дека Гему имал многу љубовници. Еден од тие љубовници бил бог по име Вару Шила. За време на првата средба и романса во средината на цветна градина, биле несвесни за околината и не почувствувале дека дошла зората. За да избегне откривање на нивната афера, Вару Шила избегал од местото на настанот на коњ кон ридот, додека Гему умилно го гледала од брегот на езерото Лугу. Обидувајќи се да се сврти кон својата свршеница, Вару Шила цврсто се држел за уздите на својот коњ. Како резултат на тоа, коњот се сопнал и паднал. Тоа предизвикало длабока депресија во земјата. Бидејќи се разденило, Вару не можел да се врати на своето небо и се претворил во планина, источно од езерото. Запрепастена гледајќи го овој настан, Гему плачела, што довело до тоа депресијата да се наполни со нејзините солзи и на крајот да се претвори во езерото Лугу. Потоа фрлила седум од своите бисери во езерото, кои станалое седум острови. Таа, исто така, се претворила во планина за да стражари на езерото и да го гледа својот љубовник - планината на исток.[16]

Флора и фауна

[уреди | уреди извор]

Езерото Лугу, сместено во субалпскиот појас на јужниот дел од планината Хенгдуан, е екорегион покриен со борови. Освен што тука се наоѓаат ендемски видови на риби, езерото Лугу го посетуваат и водни птици кои тука ја презимуваат зимата.[14] Околината на езерото во покраината Нингланг има прилично богата шумска прекривка. Видови на растенија и дрвја кои се идентификувани во шумата се борови Јунан, кинески борови, лак дрво (Toxicodendron vernicifluum), камфор дрво (Cinnamomum camphora), капок дрво и змејска елка.[3]

Фауна пронајдена на оваа подрачје вклучува лисици, мошусни елени, мршојадци, јастреби и леопарди.[3]

Птици

Птиците во оваа област се птици преселници како што се планинските гуски.[3] Жеравите со цврени вратови (Grus nigricollis) се наоѓаат воподрачјето на езерото Лугу, кое е ранлива категорија според ИУЦН.[17]

Водна фауна

Во езерото се забелжани четири ендемски видови риби - три видови Schizothorax и еден Misgurnus anguillicaudatus.[1][3] Ендемските видови риби од родот Schizothorax го вклучуваат видот познат како Schizothorax labrosus. Овие исто така се нарекуваат и снежна пастрмка бидејќи имаат форма на пастрмка со мали лушпи.[18]

Видовите риби и развојот на рибарството во езерото Лугу биле истражени во текот на 2001, 2002 и 2004 година. Студиите известиле дека во езерото Лугу сега постојат 12 видови на риби кои се класифицирани во 10 родови, 4 семејства и 3 редови. Промените во плориферацијата на рибите во езерото се предизвикани од таложење на тиња во езерото поради големото уништување на шумите во околината на езерото. Покрај четирите ендемски видови, идентификувани се осум егзотични видови кои доминираат со популацијата на риби во езерото на штета на ендемските видови. Овие видови, уфрлени во езерото во 1958 година во рамки на комерцијални риболовни активности, доминираат со рибните ресурси на езерото, а три домашни видови се прогласени за загрозени. Како резултат на комерцијалните риболовни активности, рибните ресурси фатени на почетокот изнесувале до 500 тони. Меѓутоа, прекумерниот риболов во последните неколку децении резултирал со драстичен пад на приносот и во 1980-тите биле забележано дека изнесува само 30 тони. Главните причини кои се припишуваат на овој пад се големото уништување на шумите, кое се случило еднаш во 1970 година и повторно помеѓу 1980 и 1990 година, што предизвикало сериозно заситување силна салтација на езерото; салтацијата достигнала 100 м, предизвикувајќи уништување на многу мрестилишта на три видови на риби Schizothorax. Друга причина што се наведува за намалувањето на ендемските резерви на риби е внесувањето на егзотични видови, што доведе до намалување на автохтоните видови Schizothoracid.[1]

Мосуо народ

[уреди | уреди извор]

Древната историја на народот Мосуо се идентификува со езерто Лугу и нивните интереси сега ги штити „Мосуо здружение за културен развој на езераото Лугу“. Се рекламираат како главна туристичка атракција на езерото Лугу поради своите матријархални традиции и „шетачки бракови“, каде брак не е свет, бидејќи жените го остваруваат правото да ги бираат и менуваат мажите по своја волја. Според база на податоци од 1990 година, имало 90.000 Мосуо, воглавно концентрирани околу езерото Лугу.[3][12][19] Нивната етничка припадност е дефинирана како Масуо луѓе кои припаѓаат на племето Пуми, слична монголска етничка припадност и огранок на Нашјите.[6] Азу брак е начин на живот на народот Мосуо, а Азу на локален јазик на Мосуо (кој нема сопствено писмо) значи „интимно слатко срце“. Тоа е згоден аранжман во кој партнери доаѓаат и си одат како сакаат. Споменати се три видови на Азу бракови, „патувачки брак“, односно брак без заедничко живеење; а друг вид е брак со заеднички живот кој се развил во длабоки чувства по живот во пракса „патувачки брак“; тие тогаш живеат заедно и подигаат семејство. Трет тип на брак, кој е поврзан со историјата на монголскиот народ кој го окупирал езерото Лугу и кој ја всадил праксата на моногамен брак помеѓу луѓето Мосуо, се нарекува „брак еден на еден“. Меѓутоа, во сите три видови на бракови жените имаат право на сопственост над земјата, куќите и полно право над децата кои ги родиле. Децата го носат презимето на мајката и им оддаваат најголема почит на мајките кои за возврат уживаат висок опоштествен статус. Од овие причини луѓето Мосуо од езерото Лугу се атракција. Машките сопатници се познати како „аксији“ и работат за жените.[4] Езерото Лугу и културата Мосуо, иако се идентификувани како синкратски, раширени се по ридовите кои го опкружуваат езерото. Срцето на културата на Мосуо концентрисано е во Јонгнинг, познат како културна престолнина на Мосуо народот и таму се наоѓа нивниот најголем верски тибетски манастир.[15] Јанг Ерче Наму, Кинезинка родена во мало село во близина на езерото Лугу, е позната писателка и пејачка, од мосуо националност. Напишала неколку книги, вклучувајќи ја и книгата под наслов Leaving Mother Lake, нејзина прва книга на англиски јазик.[20] Дури и го запросила тогаш разведениот француски претседател Никола Саркози во токот на неговата посета на Кина; во снимен видео вовед поставен на интернет, ја пофалила бојата на неговата кожа и изјавила дека ќе биде „совршена сопруга за него“.[21][22]

Племенски верувања за езерото

[уреди | уреди извор]

Малцинската племенска заедница, која живее на брегот на езерото Лугу, има многу верувања и табуа поврзани со езерото. Тие го почитуваат езерото како свето и имаат табуа за убивање на животни и сечење на дрвја; и посебно, ги сметаат животните и дрвјата за невини.

Како побожни будисти, народот Мосуо врши побожно годишно обиколување на брегот на езерото во насока на стрелките на часовникот. Молитвената прошетка околу езерото вклучува 56 км пешачење покривајќи ги бројните храмови и ступи околу бреговите на езерото. Религиозниот пат поминува низ селото Лусошуи, фарми, овоштарници, храмови на островот, плажи со камчиња, преминувајќи ја раскрсницата која води до Јонгнинг, некогашниот главен град на луѓето Мосуо. Потоа поминува покрај куќата на култната Јанг Ерче Наму, позната како „Најсексипилната жена во Кина“, и продолжува низ евкалиптусови шуми и мочуришта, конечно завршувајќи го патот на езерото.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 „Fish Fauna Status in the Lugu Lake with Preliminary Analysis on Cause and Effect of Human Impacts“. Zoological Research, Kuming Institute of Zoology. Архивирано од изворникот на 2014-10-10. Посетено на 2010-08-20.
  2. 1 2 „Travel:Lugu Lake“. CRIENGLISH.com. Архивирано од изворникот на 03. 03. 2016. Посетено на 2010-08-19. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  3. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 Mansfield, Stephen; Martin Walters (2007). China: Yunnan Province. Lugu Lake. Bradt Travel Guides. стр. 149–150. ISBN 978-1-84162-169-2.
  4. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Guo, Huancheng; Guozhu Ren; Mingwei Lü (2007). Countryside of China. Lugu Lake Exotic Oriental Land of Women. China Intercontinental Press. стр. 105–109. ISBN 7-5085-1096-8. Посетено на 2010-08-19.
  5. 1 2 3 4 5 Dorje, Gyurme (1999). Tibet handbook: with Bhutan. Footprint Travel Guides. стр. 425–426. ISBN 1-900949-33-4. Посетено на 2010-08-19.
  6. 1 2 3 Legerton, Colin; Jacob Rawson (2009). Invisible China: A Journey Through Ethnic Borderlands. The Country of Daughters. Chicago Review Press. стр. 129-. ISBN 1-55652-814-0. Посетено на 2010-08-20. Lugu Lake.
  7. „Myths & Misperceptions“. Mosuo Project Organization. Архивирано од изворникот на 04. 05. 2006. Посетено на 2010-08-20. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  8. „Lugo Lake Mosuo Cultural Development Association“. Mosuo Project Organization. Архивирано од изворникот на 14. 08. 2007. Посетено на 2007-08-06. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  9. „Key Tourist Attraction In Sichuan“. China Chamber of International Congress: Saichun Chamber of Commerce. Архивирано од изворникот на 2009-09-25. Посетено на 2010-08-20.
  10. 1 2 3 4 „Lugu Lake“. Travel China Kunming. Архивирано од изворникот на 2010-06-02. Посетено на 2010-08-20.
  11. 1 2 3 „Lugu Lake“. Travel China Guide. Посетено на 2010-08-20.
  12. 1 2 3 4 Hattaway, Paul (2004). Peoples of the Buddhist world: a Christian prayer diary. William Carey Library. стр. 193. ISBN 0-87808-361-8. Посетено на 2010-08-20.
  13. „Housing shortage“ (PDF). The Musuo People. Key Kalahea Newspaper of the University of Hawaii, Fall 2004 Issue 2. 2004-09-15. стр. 5. Архивирано од изворникот (pdf) на 27. 02. 2012. Посетено на 2010-08-20. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  14. 1 2 „Hengduan Mountains subalpine conifer forests (PA0509)“. WWF. Архивирано од изворникот на 2013-05-03. Посетено на 2010-08-20.
  15. 1 2 „Lugu Lake“. Lugu Lake Mosuo Cultural Development Association. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 2019-10-18.
  16. „Housing shortage“ (PDF). The Musuo People. Key Kalahea Newspaper of the University of Hawaii, Fall 2004 Issue 2. 2004-09-15. стр. 5. Архивирано од изворникот (pdf) на 27. 02. 2012. Посетено на 2010-08-20. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  17. „Black-necked Crane Grus nigricollis are found in the Lugu Lake area“. IUCN. Посетено на 2010-08-20.[мртва врска]
  18. Walters, Martin (2008). Chinese wildlife: a visitor's guide. Bradt Travel Guides. стр. 124. ISBN 1-84162-220-6. Посетено на 2010-08-20.
  19. „Lugo Lake Mosuo Cultural Development Association“. Mosuo Project Organization. Посетено на 2007-08-06.
  20. Forney, Matthew (2002-11-07). „China's Next Cultural Revolution: Minority Report“. Time Magazine. Архивирано од изворникот на 07. 11. 2002. Посетено на 2007-11-30. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  21. Samuel, Henry (2007-11-29). „Chinese singer proposes to Nicolas Sarkozy“. The Daily Telegraph. Посетено на 2010-08-20.
  22. 杨二车娜姆访谈:"失恋了就去盖房子". China Real Estate Web (Chinese). Архивирано од изворникот на 03. 03. 2016. Посетено на 11. 09. 2020. 40岁,感觉到老的痕迹吗? Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)