Луга (река)

Координати: 59°40′38″N 28°18′41″E / 59.67722° СГШ; 28.31139° ИГД / 59.67722; 28.31139
Од Википедија — слободната енциклопедија
Луга
Луга близу до градот Кингисеп
Мапа на сливот на Луга
Местоположба
ДржаваРусија
Физички особености
УстиеФински Залив
 • координати
59°40′38″N 28°18′41″E / 59.67722° СГШ; 28.31139° ИГД / 59.67722; 28.31139
Должина353 км
Големина на сливот13,200 км2
Проток 
 • просечен100 метри кубни во секунда
Особености на сливот
Притоки 
 • левиСаба
 • десниОредеж, Јашчера

Луга (руски: Луга) е река во Новгородскиот и Батетскиот регион во Новгородска област и Лужскиот, Волосовскиот, Сланцевскиот и Кингисепскиот регион во Ленинградската област во Русија.

Опис[уреди | уреди извор]

Реката се влева во заливот Луга на Финскиот Залив. Замрзнува на почетокот на декември и останува под мразот до почетокот на април. Должината на Лугата е 353 километри, а површината на нејзиниот слив е 13,200 км2.[1] Нејзината главна притока е Оредеж (десно). Градовите Луга и Кингисеп, како и населбата Толмачијово од урбан тип се наоѓаат на бреговите на Луга. Усието на Луга е местото на терминалот за контејнери во Уст-Луга.

Изворот на Луга се наоѓа во област за производство на тресет на северозапад од Новгородска област, неколку десетици километри северозападно од градот Велики Новгород. Реката тече на југ, преминува во Батетскиот регион и постепено се врти на запад. Дел од Луга служи на границата помеѓу Новгородската и Ленинградска област. Таму, Луга тече северозападно, во градот Луга се свртува кон север, го прифаќа Оредеж од десно и тече низ населбата Толмачиово од урбан тип. Таму, се врти северозападно и достигнува до границата на Лужскиот регион. Дел од Луга ги формира границите помеѓу Гачински и Волосовск, Сланцевски и Волосовски и Кингисепската и Волосовската област. Во градот Кингисеп, Луга свртува на север и последователно североисточно. Устието на реката Луга се наоѓа во населбата Уст-Луга.

Одводниот слив на Луга вклучува големи области на северот на Новгородската област (Новгородски и Батетски регион), како и на југозапад на Ленинградска област (Гачински, Лужски, Волосовски, Сланцевски и Кингиепски регион). Особено, тој содржи Шум-гора, археолошки локалитет во близина на бреговите на реката во Новгородска област и Мшинское болото Заказник во Ленинградска област, поделени меѓу сливовите на Оредеж и Јашкера.

Лугата под градот Кингисеп е пловна; сепак, нема навигација за патници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Река Луга. State Water Register of Russia. Посетено на 4 April 2013.