Лублинска унија
Изглед

Лублинската унија (пол. Unia lubelska, литв. Liublino unija), потпишана на 1 јули 1569 година во Лублин, Полска, е историски акт со кој се создаде Полско-литванската заедница, една од најголемите држави во Европа во тоа време. Оваа унија ја замени дотогашната персонална унија меѓу Кралството Полска и Големото Војводство Литванија, воспоставена во 1385 година со бракот на полската принцеза Јадвига и литванскиот кнез Јогајла, со реална унија и изборна монархија.