Лубе Џибитоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лубе Џибитоски
Роден 1883 година
Кичево, Македонија како дел од Османлиското Царство.
Починал 1944 година
Солун, Егејска Македонија, денешна Грција
Националност Македонец

Лубе Костов Џибитоски ( 1883 во Кичево1944 во Солун, Егејска Македонија, Грција) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Претежно се занимавал со земјоделие. За време на окупацијата бил организиран од неговиот син, така што во есента 1943 година заминал партизан, прво во Групата баталјони каде бил интендант при Главниот штаб, а потоа заедно со својот син бил во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата заминал во Егејска Македонија и во зимата 1944 година бил фатен од бугарските фашисти во селото Герман, бил однесен во Солун ѝ убиен.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 143.