Лубе Јоноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лубе Јоноски
Роден 1920 година
Кнежино, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1944 година
Македонски Брод, Македонија под фашшистичка окупација
Стрелан од Бугарските фашисти.
Националност Македонец

Лубе Ѓорѓиов Јоноски ( 1920 во Кнежино, Кичевско1944 во Македонски Брод) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил пекарски работник и работел во Белград, од каде по окупацијата се вратил во своето село. Како напреден младинец, започнал да работи во народно ослободителниот одбор во селото. Во есента 1943 година се приклучил во Групата баталјони, а подоцна ѝ во Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата бил во Егејска Македонија од каде, по борбите кај Богомила, со дел од Бригадата се вратил на Кичевскиот терен. Неговото враќање во селото било откриено од балистите кои го фатиле и го предале на бугарските фашистички полицајци во Македонски Брод, а тие го убиле во април 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 72.