Лохуекотитан
Лохуекотитан | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Лохуекотитан |
Вид: | Лохуекотитан |
Научен назив | |
Лохуекотитан pandafilandi Дијаз, 2016 |
Лохуекотитан — род на титаносауруски сауроподски диносаурус, кој живеел во периодот на доцна креда на територијата на денешна Шпанија. Единствениот вид познат во родот е Lohuecotitan pandafilandi, опишан и именуван во 2016 година.[1]
Откривање
[уреди | уреди извор]Фосилните остатоци од Лохуекотитанот биле откриени на наоѓалиштето Ло Хуеко, кој е дел од формацијата Вилалба де ла Сиера. Формацијата датира од пеиодот кампан - мастрихт и би претставувал каллив крајбрежен регион во тоа време.[2] На ова место се откриени повеќе парцијални скелети на сауропод, неколку заби, кои претставуваат најмалку два различни типа на титаносаурус.[3] Холотипниот примерок на Лохуекотитанот, HUE-EC-01, е дестикулиран делумен скелет кој се состои од цервикални, грбни, сакрални и опашкасти пршлени, ребра, лакотна коска, двете седални коски, препонска коска, бутна коска, мала писка и голема писка, заедно со некои неопределени остатоци.
Името Лохуекотитан комбинира упатување на наоѓалиштето со додавање на титан (што се однесува на грчките титани ). Специфичното име, pandafilandi, потекнува од името на гигантот, Пандафиландо де ла фоска виста, во романот Дон Кихот .[1]
Класификација
[уреди | уреди извор]Лохуекотитанот бил во 2016 година признаен како литостротичен титаносаурус, повеќе изведен од Малависаурус.
Литостротија |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Díez Díaz, V.; Mocho, P.; Páramo, A.; Escaso, F.; Marcos-Fernández, F.; Sanz, J.L.; Ortega, F. (2016). „A new titanosaur (Dinosauria, Sauropoda) from the Upper Cretaceous of Lo Hueco (Cuenca, Spain)“. Cretaceous Research (англиски). 68: 49–60. doi:10.1016/j.cretres.2016.08.001..
- ↑ Ortega, F.; Bardet, N.; Barroso-Barcenilla, F.; Callapez, P.M.; Cambra-Moo, O.; Daviero- Gómez, V.; Díez Díaz, V.; Domingo, L.; Elvira, A. (2015). „The biota of the Upper Cretaceous site of "Lo Hueco" (Cuenca, Spain)“. Journal of Iberian Geology. 41 (1). doi:10.5209/rev_JIGE.2015.v41.n1.48657.
- ↑ Knoll, F.; Witmer, L.M.; Ridgely, R.C.; Ortega, F.; Sanz, J.L. (2015). „A New Titanosaurian Braincase from the Cretaceous "Lo Hueco" Locality in Spain Sheds Light on Neuroanatomical Evolution within Titanosauria“. PLOS ONE. 10 (10): e0138233. Bibcode:2015PLoSO..1038233K. doi:10.1371/journal.pone.0138233. PMC 4596832. PMID 26444700.