Лоу синдром

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Oculocerebrorenal syndrome
СинонимиLowe syndrome
X-linked recessive.svg
Oculocerebrorenal syndrome is X-linked recessive.
Специјалностobstetrics and gynaecology, урологија, неврологија, медицинска генетика, Ендокринологија
ПричинителиMutations in OCRL gene[1]
Дијагностички методMRI, urinalysis[2]
ТретманPhysical therapy, clomipramine[3]

Лоу синдром -Синдром на окулоцеребереорен е ретко рецесивно нарушување , кое се карактеризира со вродена катаракта, хипотонија, интелектуална попреченост, проксимална тубуларна ацидоза, аминоацидурија и протеинурија со мала молекуларна тежина. Лоу синдромот се карактеризира со проблеми со видот, вклучувајќи ја и катаракта која е присутна уште при раѓање, проблеми со бубрезите кои обично се развиваат во првата година од животот и абнормалности во мозокот кои се поврзани со интелектуална попреченост.

Синдром Лоу може да се смета за причина за синдром Фанкони (бикарбонатурија, бубрежна тубуларна ацидоза, губење на калиум и губење на натриум [4] ).[5][6]

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Бидејќи Лоу синдромот е рецесивна , се наследува како Х-поврзана генетска состојба, болеста се развива претежно кај мажи, а многу ретко се појавува кај жени, додека жените се носители на болеста; има проценета преваленца од 1 на 500,000 луѓе.[7] Момчињата со синдром Лоу се раѓаат со катаракта на обете очи; глауком е присутен кај околу половина од лицата со синдром Лоу, иако обично не се така од раѓање. Иако не се присутни на раѓање, проблемите со бубрезите се развиваат кај многу заболени момчиња на возраст од околу една година.[1] Бубрежната патологија се карактеризира со абнормално губење на одредени супстанции во урината, вклучувајќи бикарбонат, натриум, калиум, аминокиселини, органски киселини, албумин, калциум и Л-карнитин . Овој проблем е познат како бубрежна тубуларна дисфункција од типот Фанкони.   [ <span title="Material near this tag needs references to reliable medical sources. (December 2016)">потребни медицински цитати</span> ]

Причини[уреди | уреди извор]

Синдромот Лоу е генетско нарушување поврзано со Х хромозомот, предизвикано од мутација во OCRL генот, што резултира во намалена активност на ензимот 5-фосфатаза. Околу една третина од заболените мажи имаат мутација. Кај останатите случаи, нарушувањето се наследува од страна на мајката, која е носител на генот. Секое девојче носител на оваа болест, на возраст над 10 години ќе покаже карактеристични промени во леќите на очите, различни од каква било друга метаболичка катаракта. Некои од нив ќе развијат значајна катаракта дури и во раните 30-ти години, доволна за да се побара оперативна интервенција. Истата може да биде пропуштена од оперативниот хирург. Како и да е, овие карактеристични промени во леќите на жената носител треба да го наведат офталмологот за да даде совети за идни бремености и добивање на новороденче од машки пол. Мажот има само еден Х-хромозом што го наследува од својата мајка. Ако новороденчето од машки пол наследи Х-хромозом што го содржи генот за овој синдром, тој ќе ја развие болеста.

Генетика[уреди | уреди извор]

Овој синдром е предизвикан од мутации во генот OCRL кој кодира инозитол полифосфат-5-фосфатаза . Најмалку еден механизам со кој овие мутации го предизвикуваат овој синдром е со губење на неговиот домен за врзување Rab .[8][9]

Овој протеин е поврзан со примарната цилија на епителните клетки на мрежницата, фибробластите и тубуларните клетки на бубрезите. Ова укажува на тоа дека овој синдром се должи на дисфункција на цилија во овие клетки.[9] Околу 120 мутации се поврзани со оваа состојба и OCRL генот што е поврзан со Лоу синдромот.[10]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Лоу синдромот се дијагностицира кога намалената активност на ензимот 5-фосфатаза се покажува на култивирани клетки на кожата (фибробласти). Молекуларното генетско тестирање за мутации на OCRL генот е исто така достапно и точно се открива кај повеќе од 95% од заболените мажи. Околу 95% од девојчињата носители постари од 10 години имаат специфични и карактеристични абнормалности на леќата на окото што може да се дијагностицира од искусен офталмолог. Пренаталната дијагноза е достапна со биохемиско испитување (анализата на ензимите) или со молекуларно генетско тестирање, ако мутацијата на OCRL генот е утврдена кај заболен машки роднина или мајка носител. Дијагностицирање на окулоцереобреален синдром може да се направи преку генетско тестирање [11] Меѓу различните испитувања што може да се направат се:[2]

Третман[уреди | уреди извор]

Калиум цитрат

Третманот на Лоу синдромот обично бара тим од медицински професионалци, вклучувајќи педијатриски офталмолог, нефролог, генетичар, нутриционист, ендокринолог, невролог, специјалист за развој на деца, општ хирург, ортопед и стоматолог. Слабиот тонус на мускулите (хипотонија) понекогаш може да резултира со проблеми во хранењето. Истиот може да биде причина за хранење со цевка и преземање на вообичаени мерки за гастроезофагеален рефлукс. Предвременото отстранување на катарактата се препорачува да се промовира оптимален развој на видот. Очилата за сонце и контактните леќи помагаат за подобрување на видот. Глаукомот што се јавува кај половина од мажите болни од овој синдром понекогаш може да се лекува медикаментозно, но обично е потребна операција. Фанкониевата проксимална тубуларна дисфункција се третира со орални додатоци од натриум и калиумбикарбонат и лицитрат. Дозите мора да се утврдат на индивидуална основа. Оралниот фосфат и орален калцитриол се користат за лекување (или спречување) на рахитис. Густината на коските треба да се следи периодично. Нападите се контролираат со антиконвулзивни лекови. Проблемите во однесувањето се третираат со модификација на однесувањето и лекови. Се препорачуваат програми за рана интервенција кои вклучуваат физикална терапија, професионална терапија, говорна и јазична терапија, специјални служби за образование и услуги за лица со оштетен вид кои треба да започнат во раната детска возраст. Момчињата со Лоу синдромот треба редовно да се следат за проблемите со видот, функцијата на бубрезите, раст, напредокот, сколиоза и проблеми со зглобовите и забите. Бубрежната болест во крајната фаза успешно се лекува со дијализа и трансплантација на бубрег.Во однос на третманот на Лоу синдромот за оние лица кои се заболени од оваа состојба, вклучува следново:[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Првпат е опишано во 1952 година од американскиот педијатар Чарлс Аптон Лоу (24.08.1921 - 9 февруари 2012 година) [12][13] и колегите во општата болница во Масачусетс во Бостон.[14] Поради трите главни вклучени системи на органи (очите, мозокот и бубрезите), тој е познат како окулоцереобреален синдром.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Список на вродени нарушувања

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Oculocerebrorenal Syndrome: Background, Pathophysiology, Epidemiology“. 2016-06-01. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 „Lowe's (Oculo-Cerebro-Renal) Syndrome | Doctor | Patient“. Patient. Посетено на 21 December 2016.
  3. 3,0 3,1 RESERVED, INSERM US14 -- ALL RIGHTS. „Orphanet: Oculocerebrorenal syndrome of Lowe“. www.orpha.net. Посетено на 21 December 2016.
  4. „Fanconi syndrome: MedlinePlus Medical Encyclopedia“. medlineplus.gov. Посетено на 2016-12-21.
  5. Lewis, Richard Alan; Nussbaum, Robert L.; Brewer, Eileen D. (1993-01-01). „Lowe Syndrome“. Во Pagon, Roberta A.; Adam, Margaret P.; Ardinger, Holly H.; Wallace, Stephanie E.; Amemiya, Anne; Bean, Lora JH; Bird, Thomas D.; Fong, Chin-To; Mefford, Heather C. (уред.). GeneReviews. Seattle (WA): University of Washington, Seattle. PMID 20301653.update 2012
  6. „OMIM Entry - # 309000 - LOWE OCULOCEREBRORENAL SYNDROME; OCRL“. omim.org. Посетено на 21 December 2016.
  7. Loi M (2006). „Lowe Syndrome“. Orphanet Journal of Rare Diseases. 1: 16. doi:10.1186/1750-1172-1-16. PMC 1526415. PMID 16722554.
  8. Hagemann, Nina; Hou, Xiaomin; Goody, Roger S.; Itzen, Aymelt; Erdmann, Kai S. (2017-06-01). „Crystal structure of the Rab binding domain of OCRL1 in complex with Rab8 and functional implications of the OCRL1/Rab8 module for Lowe syndrome“. Small GTPases. 3 (2): 107–110. doi:10.4161/sgtp.19380. ISSN 2154-1256. PMID 22790198.
  9. 9,0 9,1 Reference, Genetics Home. „Lowe syndrome“. Genetics Home Reference. Посетено на 21 December 2016.
  10. Reference, Genetics Home. „OCRL gene“. Genetics Home Reference. Посетено на 21 December 2016.
  11. „Lowe syndrome - Conditions - GTR - NCBI“. www.ncbi.nlm.nih.gov. Посетено на 21 December 2016.
  12. Kelly, Evelyn B. (2013). Encyclopedia of human genetics and disease (англиски). Santa Barbara, Calif.: Greenwood. ISBN 9780313387142. Посетено на 21 December 2016.
  13. Loring, David W.; Bowden, Stephen (2015). INS Dictionary of Neuropsychology and Clinical Neurosciences (англиски). Oxford University Press, Incorporated. ISBN 9780195366457. Посетено на 21 December 2016.
  14. „Organic-aciduria, decreased renal ammonia production, hydrophthalmos, and mental retardation; a clinical entity“. American Journal of Diseases of Children. 83 (2): 164–84. 1952. doi:10.1001/archpedi.1952.02040060030004. PMID 14884753.

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П