Лотуко митологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лотуко се нилотска етничка група кои себеси се нарекуваат Отухо и традиционално се населени во Источна Екваторија држава на Јужен Судан. Нивното население брои помеѓу 500.000 до 700.000. Тие зборуваат на јазикот отухо.

Лотуко поглавица трча во борба

Социјален контекст[уреди | уреди извор]

Отухо на север се граничат со Пари, на запад со Бари, на југ со Ачоли и Мади и на исток со Дидида и Боја. Во нивниот регион е планината Имотонг, највисоката планина во Јужен Судан со надморска височина од 10.453 стапки над нивото на морето. Поделен е на 5 главни подрегиони: Имамонг, Долината, Донготоло, Лопит и Големите рамнини. Тие чуваат големи стада говеда, овци и кози и ова го надополнуваат со земјоделство, лов и риболов.[1] Вклучени се и во земјоделството а нивните главни култури се сорго, сусам и пченка во рамнините, слатки компири и тутун на ридовите.[2] [3]

Земјиштето не е во сопственост на ниту еден човек, туку на заедницата. На планините, откако ќе се пронајде местото, групата одлучува за границите на бавчата на секоја личност[4]

Мурле извршиле напади на Отохо, Лопит и други племиња во околината, киднапирајќи ги нивните деца. [5]

Религија[уреди | уреди извор]

Лотуко нема традиции со надворешно потекло. Нивниот оригинален дом, според традицијата, бил Илиу во близина на јужниот крај на планините Лопит. Недостатокот на вода ги донел Лотуко кон Иматари и во близина на Логурун, каде со нив владеел поглавицата наречен Нгаламитико. Кога Нагаламитико остарел, луѓето посакале него да го замени син му Логурак.[2] Логурак ги замолил да почекаат додека да умре, но тие одбиле настојувајќи да се повлече - бунт од помладата генерација. Затоа, тој го испратил „своето куче“ со порака до поглавицата на Акара, повикувајќи го да го уништи Иматари. Акара дошле со огромна војска веднаш по неговата смрт, го уништиле Иматари и направиле масакр меѓу луѓето Лотука. Преживеаните побегнале во различни насоки и се населиле повеќе или помалку на местата што сега ги зафаќаат помеѓу планините Лопит и Донгононо, Торит, источниот брег Екваторија. Историјата на Лотука е онаа на внатрешно војување меѓу нејзините различни кланови.

Нивната примарна религија е етничка религија заснована на природата и предците што се обожаваат, длабоко вкоренети во нивниот етнички идентитет; претворањето во друга религија во основа е еднакво на културната асимилација.

Ајок[уреди | уреди извор]

Главниот бог на Отухо се нарекува Ајок; тој генерално се смета за љубезен и добронамерен, но може да се налути. [6] Во Отухо митологијата, тој еднаш одговорил на молитвата на жената за воскресение на нејзиниот син. Нејзиниот сопруг се налутил и повторно го убил детето. Ајок се налутил од неговите постапки и се заколнал никогаш повеќе да не воскресне ниту еден Отухо, и на тој начин, се вели дека смртта станала постојана.

Духовност и верувања[уреди | уреди извор]

Магионичарите Ибвони или Нијвони се наоѓаат во секое село и се однесуваат како обични луѓе.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Lotuho of South Sudan“. People Groups. Посетено на 9 Jan 2014.
  2. 2,0 2,1 „Lotuka (Otuho)“. www.gurtong.net. Архивирано од изворникот на 2020-10-19. Посетено на 2020-08-21.
  3. „Lotuko (Otuho)“. gurtong.net. Архивирано од изворникот на 2020-10-19. Посетено на 3 Jan 2018.
  4. Dwight (5 July 1980). „Interviewing Josiah About Lotuko Agriculture“. Посетено на 9 Jan 2014.
  5. Peter Lokale Nakimangole (22 Jan 2009). „Lopit and Lotuko Communities Vow to End Conflict“. Gurtong Trust. Архивирано од изворникот на 2014-01-09. Посетено на 9 Jan 2014.
  6. Lynch, Patricia Ann. African Mythology A to Z. Facts on File.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]