Прејди на содржината

Лосартан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лосартан
Skeletal formula
Ball-and-stick model
Систематско (IUPAC)
(2-butyl-4-chloro-1-{[2'-(2H-tetrazol-5-yl)biphenyl-4-yl]methyl}-1H-imidazol-5-yl)methanol
Клинички податоци
Заштитени имињаCozaar, others
AHFS/Drugs.commonograph
MedlinePlusa695008
Licence dataUS Daily Med:врска
Бременосна
категорија
Начин на издавање
  • US: само [1]
  • (Само со рецепт)
Начин на
примена
By mouth
Фармакокинетички податоци
Биорасположливост25–35%
Врзување за белковините99.7% (primarily albumin)
МетаболизамLiver (CYP2C9, CYP3A4)
Полувреме на елиминација1.5–2 hours
ЕкскрецијаKidney 13–25%, bile duct 50–60%
Назнака
CAS-број114798-26-4 Ок
ATC кодC09CA01
IUPHAR/BPS590
DrugBankDB00678 Ок
ChemSpider3824 Ок
UNIIJMS50MPO89 Ок
KEGGD08146 Ок
ChEBICHEBI:6541 Ок
ChEMBLCHEMBL191 Ок
Хемиски податоци
ФормулаC22H23ClN6O
Моларна маса422,92 g·mol−1
  (провери)

Лосартан е лек кој се користи во третманот на хипертензија.[3] Спаѓа во групата на ангиотензин рецепторен блокатори (АРБ), и делува протективно на бубрезите. Покрај хипертензија, се користи и кај дијабетична ретинопатија, срцева слабост и левовентрикуларна хипертрофија.[3] Се зема преку уста.[3] Може да се користи сам или во комбинација со други антихипертензивни лекови.[3] Може да бидат потреби до шест недели за постигнување на целосен ефект.[3]

Вообичаени несакани ефекти се мускулни грчеви, затнат нос, вртоглавица, кашлица, хиперкалиемиј и анемија.[3] Сериозни несакани ефекти кои може да ги предизвика се ангиоедем, хипотензија и бубрежни проблеми.[3] Употребата за време на бременоста може да влијае штетно врз плодот.[2][3] Не се препорачува за време на доењето.[2] Дејствува преку блокирање на рецепторот за ангиотензин II.[3]

Лосартанот бил патентиран во 1986, и одобрен за медицинска употреба во САД во 1995.[3][4] Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на СЗО.[5] Достапен е како генерички лек.[6] Во 2023, е осми најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 876.000 рецепти.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Cozaar FDA label.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Losartan (Cozaar) Use During Pregnancy“. Drugs.com. Архивирано од изворникот 10 December 2017. Посетено на 10 December 2017.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 „Losartan Potassium“. The American Society of Health-System Pharmacists. Архивирано од изворникот 10 December 2017. Посетено на 8 December 2017.
  4. Fischer J, Ganellin CR (2006). Analogue-based Drug Discovery. John Wiley & Sons. стр. 470. ISBN 9783527607495. Архивирано од изворникот 28 August 2021. Посетено на 26 August 2020.
  5. World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019. Geneva: World Health Organization. hdl:10665/325771. WHO/MVP/EMP/IAU/2019.06. License: CC BY-NC-SA 3.0 IGO.
  6. British national formulary : BNF 69 (69. изд.). British Medical Association. 2015. стр. 127. ISBN 9780857111562.
  7. „Извештаи“. Е-здравство. Посетено на 2024-02-26.