Лорча

Лорча — вид поморски брод, широко распространет во земјите од Југоисточна Азија (Тајланд, Бурма и така натаму).
Конструкција
[уреди | уреди извор]Лорчата е вид џонка со кинеска опрема (такелажа) и европски труп, на кој се поставени 1 до 3 јарболи. Едрената опрема на еднојарболна лорча се состоела од широко попречно право едро.
На повеќејарболните лорчи се користеле и прави и коси едра со различни големини. Многу често, предниот дел на бродот носел украсен орнамент, кој неретко изгледал како позлатена топка. Крмниот помост ги сврзувал улогите на команден мост и кормиларско место.
Обично целата посада на лорчата се состоела од едно семејство.[1]
По Првата опиумска војна, лорчите главно биле користени од англиски трговци во регионот на Кина. Втората опиумска војна започнала со заземањето на лорчата „Ероу“ (Arrow) од страна на Кинезите.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ю. Н. Павлюченко, А. А. Гундобин, Г. П. Турмов. Лорча // Архитектура судов и кораблей. Крактий морской словарь. — Владивосток: Издательство дальневосточного университета, 1992. — С. 127. — ISBN 5-7444-0120-2. (руски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Лорча“ на Ризницата ? |
- Complete list of Ship Types Архивирано на 25 април 2021 г.
- Lugger to Lorcha