Лорик Цана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лорик Цана
FBBP01 - FCN - 20151028 - Coupe de la Ligue - Lorik Cana.jpg
Цана со екипата на Нант во 2015
Лични податоци
Полно име Лорик Агим Цана
Роден на 27 јули 1983 (1983-07-27) (35 г.)
Роден во Приштина, Косово
Висина 1.86 м (6 ст 1 ин)
Позиција одбрана, повлечен играч за врска,
среден ред
Младинска кариера
1997–2000 Дарданија Лозана
2000–2001 Пари Сен Жермен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2003 Пари Сен Жермен Б 39 (2)
2002–2005 Пари Сен Жермен 69 (2)
2005–2009 Олимпик Марсеј 122 (6)
2009–2010 Сандерленд 31 (0)
2010–2011 Галатасарај 24 (1)
2011–2015 Лацио 82 (4)
2015–2016 Нант 21 (0)
Вкупно 388 (15)
Репрезентација
2003–2016 Албанија 93 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 9 април 2016.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 19 јуни 2016

Лорик Агим Цана (27 јули 1983 во Приштина) — поранешен албански професионален фудбалер кој во кариерата настапувал за екипите на Пари Сен Жермен, Олимпик Марсеј, Сандерленд, Галатасарај, Лацио, Нант, и фудбалската репрезентација на Албанија. Цана со своите 93 настапи во националниот дрес важи за фудбалерот со најмногу настапи за албанската репрезентација. Неговата репрезентативна кариера траела од 2003 до неговото пензионирање во 2016. Цана бил капитен на Албанија на нејзиното прво големо натпреварување, Европското првенство во фудбал 2016 одржано во Франција.

Цана играл во најквалитетните фудбалски првенства во Франција, Англија, Италија, и Турција, туку вклучувајќи ги и фудбалските ривали Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј на почетокот на неговата кариера. На свои 16 години бил поканет на проба во Арсенал, но не заминал бидејќи му било одбиено барањето за британска виза.[1] Професионалната фудбалска кариера ја започнал во екипата на Пари Сен Жермен пред да премине во Олимпик Марсеј во 2004. Во 2009 направил трансфер во Сандерленд и станал првиот албански фудбалер кој настапил во англиската Премиер лига. Подоцна се приклучил на најтрофејниот турски клуб Галатасарај. По две години во Турција преминал во италијански Лацио, каде останал четири сезони. Во 2015 се вратил во Франција, потпишувајќи двегодишен договор со екипата на Нант.

Цана своето деби за албанската репрезентација го имал во јуни 2003 на 19 годишна возраст. Можел да избира дали би настапувал за репрезентациите на Албанија, Швајцарија, или Франција, бидејќи имал пасоши од трите земји.[2] Иако има најмногу настапи за албанската репрезентација, Цана постигнал само еден гол во националниот дрес, и тоа во 2005 на пријателскиот натпревар против Азербејџан.

Признанија[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Пари Сен Жермен[3]
Олимпик Марсеј
Лацио[3]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

  • Албански фудбалер на годината (3): 2004, 2005, 2006
  • Албански фудбалер на годината според навивачите (1): 2009

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска[уреди | уреди извор]

Обновено на 9 април 2016 [4][5][6][7]
Клуб Сезона Лига Куп Лига Куп Европа Вкупно
Натпреварување Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Пари Сен Жермен Б 2000–01 АПФ 4 0 4 0
2001–02 АПФ 12 1 12 1
2002–03 АПФ 23 1 23 1
Вкупно 39 2 39 2
Пари Сен Жермен 2002–03 Лига 1 3 0 0 0 0 0 0 0 3 0
2003–04 Лига 1 32 1 2 0 2 0 36 1
2004–05 Лига 1 32 1 1 0 1 0 6 0 40 1
2005–06 Лига 1 2 0 0 0 0 0 2 0
Вкупно 69 2 3 0 3 0 6 0 81 2
Олимпик Марсеј 2005–06 Лига 1 28 1 7 0 0 0 8 0 43 1
2006–07 Лига 1 33 2 6 0 1 0 5 0 45 2
2007–08 Лига 1 34 2 5 1 0 0 9 0 48 3
2008–09 Лига 1 27 1 0 0 0 0 12 1 39 2
Вкупно 122 6 18 1 1 0 34 1 175 8
Сандерленд 2009–10 Премиер лига 31 0 2 0 2 0 35 0
Вкупно 31 0 2 0 2 0 35 0
Галатасарај 2010–11 Супер лига 24 1 4 0 3 0 31 1
Вкупно 24 1 4 0 3 0 31 1
Лацио 2011–12 Серија А 15 2 0 0 6 0 21 2
2012–13 Серија А 24 0 5 0 9 0 38 0
2013–14 Серија А 26 2 0 0 6 0 32 2
2014–15 Серија А 17 0 3 0 20 0
Вкупно 82 4 8 0 21 0 111 4
Нант 2015–16 Лига 1 21 0 3 0 0 0 24 0
Вкупно 21 0 3 0 0 0 24 0
Вкупно во кариера 388 15 38 1 6 0 64 1 496 17

Репрезентативна[уреди | уреди извор]

Обновено на 19 јуни 2016 [4][8]
Репрезентација на Албанија
Година Настапи Голови
2003 6 0
2004 5 0
2005 8 1
2006 4 0
2007 6 0
2008 6 0
2009 6 0
2010 6 0
2011 9 0
2012 8 0
2013 9 0
2014 8 0
2015 7 0
2016 5 0
Вкупно 93 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Cana: Arsenali më ka kërkuar si 16-vjeçar“ (Albanian). Pristina, Kosovo: Telegrafi.com. 18 February 2010. конс. 14 July 2010. Jam ftuar nga Arsenali për prova kur kam pasur 16 vjet, por nuk mund të vija për shkak të problemeve me vizën. 
  2. Cana: Do të shënojmë dhe fitojmë ndaj Bjellorusisë! Yll Press > Sport: Kombëtaret - "3 pasaporta zotëronte Cana para se të zgjidhte Shqipërinë. Ai kishte në dorë të luante me Zvicrën ose Francën, por zgjodhi të përfaqësonte kombin e tij"
  3. 3,0 3,1 Лорик Цана на soccerway
  4. 4,0 4,1 „Cana, Lorik“. National-Football-Teams.com. конс. 26 October 2010. 
  5. Albania - L. Cana - Profile with news, career statistics and history“, Soccerway, 23 август 2016 (посет. 23 август 2016 г).
  6. Lorik Cana“, Mackolik.com, 26 октомври 2010 (посет. 26 октомври 2010 г).
  7. Football : Lorik Cana“, Football Database, 23 август 2016 (посет. 23 август 2016 г).
  8. Lorik Cana - national football team player“, EU-Football.info, 23 август 2016 (посет. 23 август 2016 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]