Лопањо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лопањо (италијански: Lopagno) - село и седиште на поранешната истоимена општина во кантонот Тичино, Швајцарија.

Во 2001 година општината била споена со другите, соседни општини Каџало, Ровередо, Сала Капријаска, Тесерете и Ваљо, со цел да се создаде нова и поголема општина Капријаска.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Лопањо за првпат се споменува во 1335 година како Лопањио.[2]

Лопањо, заедно со Каџало и Кампестро, создале градска заедница (вичинанца) уште од средниот век. Во 16 и 17 век имало неколку големи преселби од селото. Економијата на селото се засновала на земјоделство, трговија и градежни активности. Жителите на Лопањо биле меѓу водачите на народното востание против властите на Хелветската Република на 26 јануари 1802 година. Од 1952 година, во Лопањо е активен институтот „Дон Орионе“ за грижа на ментално попречените лица.[2]

Капелата „Св. Аполонија“ датира од 16 век и е дел од парохијата Тесерете.

Во 2000 година околу три четвртини од работното население работело надвор од селото.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во долината Капријаска на влезот во Вал Кола и вклучува малите селски населби Треџа, Сомацо и Оџо.

Историја на население[уреди | уреди извор]

Историјата на населението е дадена во следниот графикон:[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Amtliches Gemeindeverzeichnis der Schweiz објавено од Швајцарската сојузна статистичка канцеларија (германски). Пристапено на 20 март 2021.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Lopagno“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]