Лондонско око

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лондонско око
London Eye
Општи податоци
Статус Завршена
Тип Ферис тркало
Место Саут Бенк на Реката Темза, Лондонска општина Ламбет, Обединето Кралство
Координати 51° СГШ 0° ЗГД / 
Пуштена во употреба 31 декември 1999 година
Отворено: 9 март 2000 година
Трошок за изградба 70 милиони фунти[1]
Висина 135 метри[2]
Димензии
Пречник 120 метри[2]
Проектирање и изградба
Архитект Френк Антоли, Ник Бејли, Џулија Барфилд, Стив Чилтон, Малколм Кук, Дејвид Маркс, Марк Спероухок[3]
Архит. биро Маркс Барфилд Архитектс[4]
Инженер Арап[се бара извор]

Лондонското око (анг. London Eye), познато и како Милениумско тркало, е огромно Ферис тркало на Саут Бенк на Реката Темза во Лондон, Англија. Неговото оригинално официјално име беше Лондонско око на Бритиш ервејз, потоа Лондонско око на Мерлин ентертејнмантс и од 20 јануари 2011 година,[се бара извор] Лондонско око на ЕДФ Енерџи што следи во тригодишниот договор за спонзорирање.[5]

Целосната градба е висока 135 метри, а тркалото има дијаметар од 120 метри. Во моментот, Лондонското око е највисокото тркало во Европа,[6] најпознатата платена туристичка атракција во Обединетото Кралство со над 3,5 милиони посетители годишно [7] и атракција која придонесе многу за изгледот на градот.

Откако беше изградено во 1999 година, тоа беше највисокото Ферис тркало во светот, сè додека во 2006 година, за прв пат не го надмина Ѕвездата Нанчанг со 160 метри, а потоа во 2008 година, Сингапур Флајер со 165 метри. Потпрено со A-рамка само на едната страна, за разлика од повисоките тркала Нанчанг и Сингапур, креаторите, Лондонското око го опишуваат како највисоко носачко Ферис тркало за набљудување".[8] Тоа нудеше поглед на градот од највисока гледна точка[се бара извор] сè додека не го замени 245 метарската [9] палуба за набљудување на 72-риот спрат од Шард, која беше отворена за јавноста на 1 февруари 2013 година.[10] Лондонското око се наоѓа во лондонската општина Ламбет, веднаш до западниот крај на Џубили Гарденс (предходно сосед на поранешниот Дом оф Дискавери), во Саут Бенк на реката Темза меѓу мостовите Вестминистер и Хангерфорд.

Дизајн и конструкција[уреди | уреди извор]

Потпрено со A-рамка само на едната страна, креаторите, Лондонското око го опишуваат како највисокото носачко Ферис тркало за набљудување

Лондонското око го дизајнираа архитектите Френк Антоли, Ник Бејли, Стив Чилтон, Малколм Кук, Марк Спероухок и сопружничкиот тим Џулија Барфилд и Дејвид Маркс,[3][11]

Компанијата Маце била одговорна за организирањето на конструкцијата заедно со Холандија како главно градежно претпријатие за изработка на предмети од челик и Тилбари Даглас како граѓанско градежно претпријатие. Инженерите со кои се консултираа Тони Џи и Партнерс ги создаваа механизмите на фондацијата додека Бакет Ранкин ги создаваше морските механизми.[12]

Окото на Саут Бенк на Темза, со Џубили Гарденс (лево) и Каунти Хол (десно) во позадина

Натаниел Личфилд и Парнерс и помагаа на групацијата Тусодс да добие дозвола за планирање и градење под заштита за да ги промени ѕидовите на Саут Бенк на Темза. Тие ја проучија и резултатот го објавија во Член 106 од договорот приложен со оригиналниот договор.[се бара извор] Подоцна, тие подготвија и апликации за дозвола за планирање и градење под заштита за трајно чување на атракцијата, што ја вклучи координацијата на Изјавата на околината и изготвувањето на изјава за планирање и поддршка која ги изнесува во детали причините за нејзиното чување.[13]

Вретеното, оската на тркалото, и затегнатите жици кои го поткрепуваат работ

Работ на Лондонското око го поткрепуваат затегнати челични жици[14] и тој личи на спица од тркало на велосипед. Во декември 2006 година Колор Кинетикс го обнови осветлувањето со ЛЕД (диода која имитира светлина) за да овозможи дигитална контрола на светлата наспроти рачната замена на геловите околу флуоресцентните цевки.[15]

Тркалото се конструираше на делови што пловеа со шлепери во Темза и се монтираа испружени право на потпорни платформи во реката. Откако тркалото беше готово, го кренаа во исправена положба со помош на дигалка што ја направи Енерпак.[16] Прво, го подигнаа за 2 степени на час сè додека не достигна 65 степени, па потоа го оставија во таа положба една недела додека инженерите да се подготват за втората фаза на кревање. Проектот беше европски со главни составни делови што потекнуваат од шест држави: челикот обезбеден од Обединетото Кралство, а произведен во Холандија од страна на холандската компанија Холандија, жиците од Италија, лежиштата од Германија (групацијата ФАГ/Шефлер), вретеното и оската на тркалото беа изработени во Чешка, капсулите во Пома во Франција (а стаклото за нив пристигна од Италија), а електричните составни делови од Обединетото Кралство.[17]

32-те затворени и климатизирани јајчести капсули за туристите, конструирани[18] и донесени[19] од Пома, се прицврстени на внатрешниот обем на тркалото и се вртат со помош на електрични мотори. На секоја од [20] капсулите е претставена една од лондонските општини,[21] и секоја капсула може да носи до 25 луѓе,[22] кои слободно може да се движат низ неа, дури обезбедено е и седиште. Тркалото се врти за 26 cm (10 in) во секунда (околу 0.9 km/h или 0.6 mph) па така едно завртување трае 30 минути. Обично не застанува за да собира туристи; брзината на вртење е доволно мала, па им дозволува на туристите да влезат и да излезат од капсулите кои се движат кога се ниско на земјата.[20] Сепак, застанува за да им дозволи на постарите туристи безбедно да се качат или симнат.[23]

Историја[уреди | уреди извор]

Лондонското око на самрак

На 31 декември 1999 година, тогашниот премиер, Тони Блер, свечено го отвори Лондонското око, но сепак поради технички проблеми не беше отворен за јавноста сè до 9 март 2000 година.[се бара извор] Уште од отварањето Лондонското око стана главен симбол и туристичка атракција.

Во 2006 година групацијата Тусодс ги исплати двата здружени сопственика, Бритиш Ервејз и фамилијата Маркс Барфилд (главните архитекти).[24] Следејќи ја набавката на Мерлин ентертејнмантс од групацијата Тусодс во 2007 година, денес таа поседува 100% од Лондонското око.

На 12 август 2009 година Лондонското око се соочи со нов бренд, овојпат се нарекуваше „Мерлин ентертејнмантс Лондон ај“ за да го покаже сопствеништвото на Мерлин ентертејнмантс. За атракцијата се изработи ново лого, овојпат беше во форма на око кое се состоеше од познатите обележја на Лондон. Ова се случи во време кога новиот Мерлин ентертејнмантс Лондон ај, во основата на центарот за билети во Каунти Хол, воведе 4Д искуство пред полетување.[25]

Eye Pod 1.jpg
InsidetheLondonEye.JPG
Секоја од 32-те јајчести капсули тежи 10 тони и може да носи 25 луѓе

За време на процесот на лицитација на Олимписките игри во 2012 година, лондонските организатори на лицитацијата објавија дека Амблемот на Олимписките игри ќе биде закачен на Лондонското око сè додека траат Летните олимписки игри 2012 година.[26]

На 5 јуни 2008 година беше објавено дека 30 милиони луѓе се возеле на Лондонското око од неговото отварање во март 2000 година.[27]

Во 2009 година Мерлин ентертејнмантс овозможија 4Д искуство пред полетување на Лондонското око, што е вкучено во цената на билетот. Реновираната билетара и киното во 4Д ги дизајнираше архитектот Кеј Елиот, што соработуваше со студиото Мерлин и со дизајнерот на проектот Крејг Сиба. Подоцна, студиото Мерлин ги назначи Симекс-Иверкс како професионалци за компјутерската опрема на театарот во 4Д. Филмот го напиша и го режираше режисерот на 3Д Џулијан Нејпјерм, а го продуцираше, Фил Стритер. Во истата година започна првата обнова на капсулата кое чинеше 12.5 милиони фунти. Секоја капсула беше симнувана долу и пловеше по реката до Тилбари Докс во Есекс.[28]

Во јануари 2011 година, прекрасна церемонија го обележа почетокот на тригодишниот договор помеѓу ЕДФ Енерџи и Мерлин ентертејнмантс.[29]

На 2 јуни 2013 година една капсула за туристи беше наречена Крунисана капсула во чест на шеесет годишнината од крунисувањето на Кралицата Елизабета II.[30]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Reece, Damian. „London Eye is turning at a loss“, „The Daily Telegraph“, 6 мај 2001.
  2. 2,0 2,1 „Structurae London Eye Millennium Wheel“. web page. Nicolas Janberg ICS. 2011. http://en.structurae.de/structures/data/index.cfm?id=s0002407. конс. 5 декември 2011 г. 
  3. 3,0 3,1 „The London Eye“. UK Attractions.com. 31 декември 1999. http://www.ukattractions.com/the-london-eye/. конс. 7 јануари 2010 г. 
  4. „About the London Eye“. http://www.londoneye.com/AboutUs/Default.aspx. конс. јануари 2013 г. 
  5. „EDF Energy naming rights“. Attractions Management. http://www.attractions.co.uk/detail1.cfm?pagetype=detail&subject=news&codeID=235003&site=AM&dom=N. конс. 8 јануари 2011 г. 
  6. Royal Mail Celebrates 10 Years of the London Eye
  7. „Explore the London Eye“. Londoneye.com. http://www.londoneye.com/AboutEye.aspx. конс. 7 јануари 2010 г. 
  8. Merlin Entertainments Group
  9. Shard observation deck to be Europe's highest
  10. The Shard Opens Viewing Deck To Visitors
  11. Rose, Steve. „London Eye, love at first sight“, „Guardian“, 31 август 2007 (конс. 7 јануари 2010 г).
  12. Beckett Rankine – London Eye Pier Design
  13. „NLP – Project:“. Nlpplanning.com. http://www.nlpplanning.com/projects.php?id=3. конс. 7 јануари 2010 г. 
  14. http://www.londoneye.com/AboutUs/MakingTheLondonEye/Default.aspx
  15. „Color Kinetics Showcase London Eye“. Colorkinetics.com. http://colorkinetics.com/showcase/installs/londoneye/. конс. 7 јануари 2010 г. 
  16. Enerpac strand jacks lift London Eye. Enerpac.com. Retrieved on 2012-02-06.
  17. Mann, A. P.; Thompson, N.; Smits, M.. Building the British Airways London Eye. „Proceedings of the ICE – Civil Engineering“ том  144 (2): 60–72. doi:10.1680/cien.2001.144.2.60. 
  18. Ashby, Charles. (2011-11-15) High-flying deal for Leitner-Poma. Gjsentinel.com. Retrieved on 2012-02-06.
  19. Colorado's Leitner-Poma to build cabins for huge observation wheel in Las Vegas. Denverpost.com. Retrieved on 2012-02-06.
  20. 20,0 20,1 „Interesting things you never knew about the London Eye“. London Eye. http://www.londoneye.com/ExploreTheLondonEye/InterestingFacts/Default.aspx. 
  21. „Making the London Eye“. London Eye. http://www.londoneye.com/ExploreTheLondonEye/MakingTheLondonEye/Default.aspx. конс. 2 јануари 2009 г. 
  22. Hester, Elliott. „London's Eye in the sky not just a Ferris wheel“, „Chicago Tribune“, 23 септември 2007.
  23. „Information for Disabled Guests visiting the London Eye“. London Eye. http://www.londoneye.com/VisitorInformation/DisabledGuests/Default.aspx. 
  24. „History of the EDF Energy London Eye“. http://www.londoneye.com/AboutUs/History/Default.aspx. конс. 18 септември 2012 г. 
  25. „A new eye on London“. London Eye. http://www.londoneye.com/NewsAndEvents/News/New_Eye_London/default.aspx. 
  26. „Stunning image of a London Games“. http://www.london2012.com/news/bid-phase/stunning-image-of-a-london-games.php. конс. 15 август 2007 г. 
  27. „All Eyes on Eighth Wonder: The London Eye greets 30 millionth visitor and joins Stonehenge and the Taj Mahal as a world wonder“. web page. EDF Energy London Eye. јуни 2008. http://www.londoneye.com/NewsAndEvents/News/30million/Default.aspx. конс. 13 јануари 2012 г. 
  28. Woodman, Peter. „London Eye capsule taken away as refit starts“, „The Independent“, 26 јуни 2009.
  29. Merlin Entertainments, leading name in location based, family entertainment – MERLIN ANNOUNCES THREE-YEAR PARTNERSHIP FOR LONDON EYE WITH EDF ENERGY 070111. Merlinentertainments.biz (2011-01-27). Retrieved on 2012-02-06.
  30. Queen lookalike unveils Coronation Capsule at London Eye“, london-se1.co.uk, 2 јуни 2013 (конс. 8 јуни 2013 г).