Прејди на содржината

Ломач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ломач
Поглед од север на Ломач
Поглед од север на Ломач
Поглед од север на Ломач
Грб на Ломач
Ломач во рамките на Германија
Ломач
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругМајсен
ГрадоначалникАнита Мас
Основни податоци
Површина66,47 км2
Надм. височина168 м
Население 4.805 (31 декември 2022)[1]
 - Густина72 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.MEI
Пошт. бр.01621–01623
Повик. бр.035241
Порталwww.lommatzsch.de
Местоположба на градот Ломач во рамките на округот Мајсен
Карта
Карта
Координати51°12′N 13°18′E / 51.200°N 13.300°E / 51.200; 13.300

Ломач (германски: Lommatzsch) — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Ломач се наоѓа среде т.н. Lommatzscher Pflege, област на земја која има висок квалитет на плодна почва и затоа главно се користи за земјоделство.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Албертиц, Алтломач, Алтзател, Арнтиц, Бармениц, Бирмениц, Хуршиц, Даубниц. Деншиц, Дершиц, Граусвиц, Иковиц, Јесен, Клапендорф, Крепта, Лаучен, Лебшиц, Ломач, Маршиц, Меген, Неканиц, Палтчен, Печвиц, Писковиц, Питшиц, Појтиц, Прозиц, Рауба, Ројч, Шерау, Швохау, Зиглиц, Штригниц, Троген, Вахтниц, Вајченхајн, Вуниц, Цетхајн и Чајлиц.

Историја

[уреди | уреди извор]

Името на градот е изведено од западнословенското племе Гломаче (Daleminzier на германски), кои околу 800 година се населиле тука, околу светилиштето Glomuci, сега суво езеро северно од градот. Ломач во грофовијата Мајсен било првпат споменато во декрет од 1286. На 12 август 1330, грофот од династијата Ветин Фридрих Први ги отстапил на грофот од Мајсен правата за наплаќање даноци од граѓаните на Ломач. Градоначалник и совет биле спомнати во 1386, општинскиот закон од 1412 одредил да има градоначалник и 9 советници. Во 1423, Ломач со грофовијата Мајсен било припоено кон Изборното кнежевство Саксонија под водство на Ветин.

Моменталната парохиска црква Свети Венчеслав била градена од 1504 па натаму, три готски куполи биле поставени на градбата, како и наосот, кој бил дополнително додаден. Градот станал протестантски во 1539, кога Амброзиј Науман станал првиот евангелистички свештеник. Градското собрание во нејзината денешна големина била градена од 1550 до 1555, црквата Свети Венчеслав ја добила првата саат-кула во 1591. Во 1607 и 1611 градот бил сериозно зафатен од епидемијата на чума, оставајќи 1.350 мртви, по што следела уништувачката Триесетгодишна војна: Ломач бил запален во 1632 и повторно во 1645, откако изборниот кнез ја сменил страната. И покрај тоа, Саксонија брзо се опоравила по војната. Под водство на Фридрих Август I, бил поставен милјоказ за поштенските патишта на главниот плоштад.

ДатумНастани
1814Црквата добила нови оргули.
1849Излегол првиот весник предизвикан од револуцијата.
1854Бил изграден суд.
1857Бил основан Gewerbeverein.
1859Пуштање на главната училишна зграда.
1865Основање на доброволната противпожарна бригада.
1873Раздвојување на црквата и училиштето, па така сега постоеле две училишта.
1878Била изградена гимназија.
1877Била отворена железничката линија до Риза, а во 1880 до Носен.
1909Била отворена железничката линија на тесен колосек до Мајсен, а во 1911 до Дебелн.
крај на ВСВФронтот стигнал во Ломач.
25. - 28 април 1945Ломач бил освоен од советските војници.
29 април - 5 мајЛомач повторно бил освоен од Германците. 36 луѓе од месното население, кои биле прогласени странски шпиони, како и еден крадец (16-годишно момче), биле убиени пред црквата од СС. По падот на Берлин, СС го напуштила градот и повторно пристигнала Црвената армија.

Почесни граѓани

[уреди | уреди извор]
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)