Лолита (филм од 1962)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Лолита“
Оригинален постер
РежисерСтенли Кјубрик
ПродуцентЏејмс Б. Херис
СценаристВладимир Набоков
Стенли Кјубрик
Главни улогиЏејмс Мејсон
Шели Винтерс
Сју Лајон
Питер Селерс
МузикаНелсон Ридл
Насловна тема:
Боб Херис
КинематографијаОсвалд Морис
МонтажаЕнтони Харви
ДистрибутерMetro-Goldwyn-Mayer
Премиера13 јуни 1962
Времетраење152 минути
ЗемјаОбединето Кралство Обединето Кралство
 САД
ЈазикАнглиски
Буџет$2,100,000

Лолита е влијателен филм на Стенли Кубрик од 1962 година, заснован на истоимениот роман на Владимир Набоков. Во филмот играат Џејмс Мејсон како Хамберт Хамберт, Сју Лајон како Долорес Хејз (Лолита) и Шели Винтерс како Шарлот Хејз.

Поради тогашните рестрикции на MPAA (Американската асоцијација за играни филмови), во филмот се ублажени поперверзните аспекти на новелата, понекогаш оставајќи многу на фантазијата на публиката. Сју Лајон, глумицата која тогаш ја глуми Лолита, има 14 години во текот на снимањето. Кјубрик подоцна ќе рече дека да знаел колкави ќе бидат цензорските ограничувања - никогаш немал да се нафати да го снима филмот.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Филмот започнува со борба помеѓу двајца мажи на чиј крај едниот од нив, Клер Квилти, е застерелан. Убиецот е Хамберт Хамберт, 40-годишен британец, професор по француска литература. Тој исто така е и опсесивен педофил. Филмот потоа се навраќа на настаните од пред 4 години и оди напред: Хамберт патува во Рејмсдејл, Њу Хемпшир, мал град каде ќе го помине летото пред да започне да предава на Бердсли колеџот во Охајо. Тој бара соба низ градот и една вдовена, сексуално изгладнета мајка - Шарлот Хејз, го примамува да остане во нејзината куќа. Тој одбива сѐ додека не ја види нејзината убава 14-годишна ќерка Долорес - Лолита, во која тој подоцна безнадежно се заљубува.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: