Локомотива Dn2t

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бригадната локомотива
0-8-0T/Dn2t на Henschel прeд депото на МЖ во Скопје

Бригадната локомотива 0-8-0T на Henschel е компактна 10-тонска локомотива воведена 1905 година од страна на германската воeна железница (Feldbahn), а нејзин производител е „Henschel & Sohn“ од Касел, Хесен, Германија, а подоцна и од други производители.

До 1918 се изработени и испратени низ целиот свет околу 2500 парчиња, за југозападната африканска железница, тогашниот дел од германската колонија, како и на западниот фронт и на Балканот каде служела за транспорт на војници и дотур на материјали.

Конструкцијата на подвозот е со две фиксни и две флексибилни оски, т.н. шуплива оска КЛИН-ЛИНДНЕР (KLIEN-LINDNER) систем со радијална зглобна рака која многу полесно ги следи кривините од крутите оски.

Во Република Македонија оваа локомотива масовно се употребувала сè до 1969 година кога е повлечена од употреба. Останати се две вакви локомотиви, од кои една е во паркот на населбата Ѓорче Петров ЈЖ 99.4-025, а втората пред железничката станица во Кичево ЈЖ 99.4-053. Зачувана е уште една бригадна локомотива која е однесена во Белград и поставена пред музејот на железници со ознака ЈЖ 99.4-084.

Технички податоци
Производител Henschel & Sohn
Фабрички број 15079
Година на производство 1917
Дизајн Dn2t
Вид K 44.3
Класификација 0-8-0Т
Класа 99.4
Должина 5885 mm
Максимална брзина 25 км/ч
Тежина 12 t
Контрола Stephenson
Постигнува снага до 75 КС
Притисок во котел 15 бара

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]