Прејди на содржината

Локвата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Локвата
Λίμνη Οχτάρα
Карта
ПодрачјеКостурско, Егејска Македонија
Координати40°36′38″N 21°8′33″E / 40.61056°N 21.14250°E / 40.61056; 21.14250
Сливни земјиГрција
Најг. должина25 – 30 км
Најг. длабочина1,5 м
Надм. височина1.600 м

Локвата (грчки: Λίμνη Οκτάρα, Лимни Октара или Οχτάρα, Охтара) — мало планинско езеро во Костурско, Егејска Македонија.

Езерото се наоѓа се наоѓа на Д’мбенска Планина, на надморска височина од 1.627 м, околу еден километар северозападно од врвот Вињари (1.713 м), на ридот Костолата.[1] Грчкото име, кое во превод значи осмица, доаѓа од обликот на езерото.[2][3] Најголемата длабочина изнесува околу 1,5 м, а неговата најголема големина не надминува 25–30 м, во зависност од времето на годината.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во близина на Локвата, на 31 мај 1903 г. се водела големата битка кај Локвата и Вињари помеѓу костурските чети на Македонската револуционерна организација и османлиската војска, најжестоката борба во периодот пред Илинденското востание и првата поголема битка од создавањето на организацијата.[5]

На 29 јули истата година, комитите на МРО повторно водат нова битка кај езерото.[6]

  1. Тзавелла, Христофор (2003). Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев. София: Македония прес. стр. 316. ISBN 954-8823-46-2.
  2. „Μαλιμάδι: Μαγική παγωμένη νύχτα στη λίμνη Οχτάρα“. Fouit. 7 Φεβρουαρίου 2021. Посетено на 28 октомври 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. "Ερημιά" στην Οκτάρα στο Μαλι Μάδι“. Fiout. 2 Μαρτίου 2020. Посетено на 28 октомври 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Ανάβαση στο Μαλιμάδι“. Cyberότσαρκα. 21 Ιανουάριος 2014. Посетено на 28 октомври 2025. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. Злостевски, Лазо (6 юлий 1924). „Едно наслѣдство“ (PDF). 20 юлий. Македоно-одрински листъ. София. I. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. Силяновъ, Христо (1933). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). I. Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 304–305.