Лоис Абинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лоис Абинг
Lois Abbingh 4 20160925.jpg
Лични податоци
Роден(а) 13 август 1992 (1992-08-13) (26 г.)
Гронинген, Холандија
Националност Холандија Холандија
Спорт Handball pictogram.svg Ракомет
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб Ростов-Дон Ростов-Дон
Број 10
Сениорски клубови

2006-2010
2010-2014
2014-2016
2016-2018
2018-
Flag of None.svg В&С Гронинген
Е&О Емен Е&О Емен
Олденбург Олденбург
Баја Маре Баја Маре
Иси Париз Ханд Иси Париз Ханд
Ростов-Дон Ростов-Дон
Репрезентација
2010– Холандија Холандија 129 (568)

Лоис Абинг (родена на 13 август 1992) е холандска ракометарка која игра на позицијата лев бек за Ростов-Дон и за холандската репрезентација.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Абинг ја започнала својата кариера во својата родна Холандија каде играла за две екипи В&С Гронинген и Е&О Емен. Со Е&О Емен во сезоната 2009-2010, Абинг била најдобар стрелец во Холандската Ередивисие. Од 2010 година таа ја започнала својата кариера во странство, а нејзиниот прв клуб надвор од холандските граници бил германскиот Олденбург. Во својата прва сезона таа учестувала во Купот на ЕХФ, каде со својот тим стигнала до полуфиналето и постигнала вкупно 60 голови во десетте натпревари. Во јули 2014 година, Абинг потпишала за романскиот Баја Маре со што добила можност да заигра во екипа која се натпреварувала во Лигата на шампионите.[2] Во 2015 година со клубот го освоила Купот на Романија. По две сезони во Баја Маре, откако романскиот клуб се распаднал таа му се приклучила францускиот на Иси Париз Ханд за сезоната 2016-2017. Абинг била најдобар стрелец на клубот и во двете сезони (во двете сезони била трет стрелец во француското првенство) поминати во Иси Париз, но не успеала на клубот да му донесе трофеј.[3] Во 2018 година таа го потврдила својот трансфер во рускиот тим Ростов-Дон за да може повторно да игра во Лигата на шампионите.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Абинг била клучен играч на холандската репрезентација кој стигнала до финалето на Европското првенство под 19 години, каде биле поразени тесно од Данска со 27-29. Таа постигнала 65 гола на турнирот и ја освоила наградата за најдобар стрелец.[4]

Една година претходно, таа учествувала на Европското првенство 2010 со сениорската репрезентација на Холандија на возраст од само 18 години и оттогаш е постојан член на националниот тим на лалињата. Таа ја претставувала Холандија на четири Светски првенства (освојувајќи сребро во Данска 2015[5], и бронза во Германија 2017[6]) на две Европски првенства (освоила сребрен медал во Шведска 2016[7]) и на едно издание на Олимписките игри (четврто место во Рио 2016)[8]. На Светското првенство 2017 таа била избрана во All-star тимот (како најдобар лев бек на турнирот) и исто така таа била втор стрелец со 58 постигнати гола.[9]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Германија Олденбург[уреди | уреди извор]
Романија Баја Маре[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Lois Abbingh Profile“. European Handball Federation. конс. 5 August 2011. 
  2. Marius Huțu (10 јули 2014). „Dream Team-ul din Baia Mare a mai făcut o achiziție din Olanda.“. Prosport. конс. 12 јули 2014. 
  3. „Avec Solberg et Abbingh, Issy-Paris s'annonce costaud“. 11 февруари 2016.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  4. „Denmark triumph at Women’s 19 EURO“. European Handball Federation. 14 August 2011. конс. 6 December 2011. 
  5. „Grimsbø Shines as Norway Claim the Title“. International Handball Federation. 20 December 2018. }
  6. „The Netherlands claim second consecutive World Championship medal“. International Handball Federation. конс. 12 December 2017. 
  7. 'Heja Norge' for the seventh time“. swe2016.ehf-euro.com. 18 December 2016. 
  8. „Norway secure third consecutive medal“. International Handball Federation. 20 August 2016. 
  9. „The Germany 2017 All-star Team“. International Handball Federation. 17 December 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]