Лоик Перен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лоик Перен
Лични податоци
Полно име Лоик Бруно Перен[1]
Роден на 7 август 1985(1985-08-07)(38 г.)
Роден во Сент Етјен, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001810000001,81 м[2]
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 24 јули 2020 (34 г.)
Младинска кариера
Сент Етјен Сент Етјен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003-2020 Сент Етјен Сент Етјен 390 (27)
Репрезентација
2003-2004 Франција Франција 18 2 (1)
2004-2005 Франција Франција 21 4 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 1 септември 2020.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 1 септември 2020

Лоик Перен (роден на 7 август 1985 година, во Сент Етјен) — француски поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Тој ја поминал целата своја кариера во екипата од неговиот роден град, Сент Етјен, за која настапувал во периодот 2003-2020. Перен одиграл вкупно 470 натпревари за зелените, со кои во моментов го држи третото место по бројот на настапи за клубот.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Перен се приклучил во младинските категории на Сент Етјен на 12 годишна возраст, во 1997 година. Своето деби за првиот тим го направил на 15 август 2003 година, во натпреварот од Лига 2 против Лорјан, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Стефан Ернандес. Во неговата дебитантска сезона одиграл 7 натпревари за првиот тим помагајќи Сент Етјен да се врати во Лига 1.

Својот прв гол во кариерата го постигнал на 1 октомври 2005 година, против Ле Ман, со што придонел за победа на неговиот тим (3-0).

Од сезоната 2012-2013, тој бил капитен на Сент Етјен сè до завршувањето на кариерата. Својот последен настап го имал во финалето на Купот на Франција, загубено од Париз Сен Жермен со 1-0; Перен го започнал натпреварот во почетната постава на Сент-Етјен, меѓутоа по само 31-минута бил исклучен со директен црвен картон за опасен старт над Килијан Мбапе.

Со вкупно 470 настапи за Сент-Етјен, Перен е трет на списокот по бројот на настапи за клубот и се наоѓа единствено зад Рене Доминго и Рене Ербен.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Перен има 4 настапи за француската репрезентација под 21 година во периодот 2004-2005.

Тој бил повикан неколкупати во сениорската репрезентација од селекторот Дидје Дешан, но никогаш не одиграл натпревар.

Титули[уреди | уреди извор]

Франција Сент Етјен[уреди | уреди извор]

2012-2013

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Entreprise Club 42 Indoor à Andrézieux-Bouthéon (42160)“ [Company Club 42 Indoor in Andrézieux-Bouthéon (42160)]. Figaro Entreprises. 19 September 2019. Посетено на 12 October 2019.
    „Loic Perrin“. BFM Business. Посетено на 12 October 2019.
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2017-06-14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]