Јавка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Лозинка)
Полето за лозинка во формата за најава.

Јавка[1], лозинка[2] или лозунг[3] (во употреба и шифра, код) – облик на тајни информации што треба да бидат познати за да се пристапи до одредени ресурси (информации, итн.).

Лозинката се чува од оние на кои не им е дозволен пристап до дадените ресурси, додека оние што се обидуваат да пристапат до ресурсите се проверуваат дали ја знаат лозинката или не, при што им се дозволува или одбива пристап до ресурсите.

Во информатиката, лозинка е комбинација на знаци (букви, симболи, броеви итн.) што сметачот ги памти (или памти како да ја препознае лозинката), и секој пат кога некој корисник сака да пристапува до податоци под лозинка, од нив се бара да ја внесат таа лозинка, заштитувајќи ја неговата приватност.

Наводи[уреди | уреди извор]