Лов на матно (филм од 1981)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Лов во матно“ (српски: Лов у мутном) – југословенски филм од 1981 година, во режија на Властимир Радовановиќ. Главните улоги ги толкуваат: Драган Николиќ, Бата Живоиновиќ, Мира Бањац, Тихомир Арсиќ, Петар Краљ и Неда Арнериќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Една дива населба во Белград, изградена на брегот на Дунав треба да биде разурната, а тоа предизвикува загриженост кај нејзините жители. Столе Харинга му нуди на Паја Главоња општествен стан кој е празен веќе три години и тој се вселува во него, заедно со децата, со сопругата и со татко му. Меѓутоа, по некое време се појавува сопственикот на станот и тогаш почнуваат проблемите во врска со документацијата при што се покажува дека станот е изграден надвор од проектот, а градежното претпријатие повеќе не постои. И кога сè изгледа решено, за време на судењето доаѓа до неочекуван пресврт...

Наводи[уреди | уреди извор]