Лица без маски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лица без маски - меѓународен театарски фестивал што се одржуав во Скопје.

Организација и управување[уреди | уреди извор]

Тетарот го организираат „Сплунг автори - Театар 007“ од Скопје и Културниот центар „Александар Македонски“ од Скопје. Во 2018 година, директор на фестивалот бил Миодраг Костиќ.[1]

Изданија[уреди | уреди извор]

11. издание[уреди | уреди извор]

Единаесеттото издание на „Лица без маски“ се одржало од 12 до 16 април 2018 година на неколку сцени во Скопје: МОБ, ДТЦ Стара Чаршија, Дом на АРМ, МНТ, итн.. Селектор на претставите бил Игор Ивковиќ, а жири-комисијата била во состав: Дарја Ризова, Нина Николиќ и Драгана Лукан Николовски. Поддржувачи на фестивалот биле: Градот Скопје, Амбасадата на Шпанија во Скопје, хотелот „ВИП“ и ЈСП Скопје. На фестивалот биле прикажани следниве претстави:[1]

  • „Јами дистрикт“
  • „Арктик“
  • „Три прави, три опачини“
  • „55 нијанси геј“
  • „Дримвил“
  • „Ужегнатост“
  • „Ла ла ла!“

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјално мрежно место на фестивалот[мртва врска]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 11-ти меѓународен фестивал Лица без маски, 12-16 април 2018.