Лифт до губилиштето (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Театар Жанет, американска реклама за филмот „Лифт за губилиштето“ (1958)
Театар Жанет, американска реклама за филмот „Лифт за губилиштето“ (1958)

Лифт до губилиштето (француски: Ascenseur pour l'échafaud ) - француски филм од 1958 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle). Главните улоги ги играат: Жана Моро, Морис Роне, Жорж Пужили, Јори Бертан, Ибер Дешан итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Таверние (го игра Роне) работи во фирмата „Карала“. Во договор со сопругата (ја игра Моро) на господинот Карала, тој го убива него, но прави како тој да извршил самоубиство. По убиството, тој излегува надвор, додека госпоѓата Карала го чека на договореното место. Со намера да ги отстрани доказите за убиството, тој се враќа во зградата, но тогаш чуварот ја исклучува струјата и Таверние останува заглавен во лифтот. За тоа време, мангупот Луј го краде автомобилот на Таверние, со намера да ја повози својата девојка Вероника. Тие преноќуваат во еден мотел, каде се запознаваат со германски брачен пар. Во обид да го украде нивниот автомобил, Луј го убива брачниот пар. Луј и Вероника одат во нејзиниот стан и испиваат апчиња за спиење, со намера да извршат самоубиство. Утредента, полицијата ги пронаоѓа автомобилот, револверот и мантилот на Таверние и него го прогласува за убиецот на германскиот брачен пар. Ноќта, госпоѓата Карала насекаде го бара Таверние, а утрото е приведена во полициската станица, но веднаш е ослободена. Кога полицијата оди во зградата на фирмата „Карала“, таа го наоѓа мртвото тело на господинот Карала, а Таверние излегува од лифтот. Тој е уапсен, но госпоѓата Карала е решена да му помогне. Таа оди во станот на Вероника, а потоа го следи Луј до мотелот. Таму веќе се наоѓа полицијата, која ги апси Луј и госпоѓата Карала.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]