Лисјен Келе
| Лисјен Келе Lucien Quélet | |
|---|---|
Келе во 1869 г. | |
| Роден(а) | 14 јули 1832 Монтешеру, Ду, Франција |
| Починал(а) | 25 август 1899 (возр. 67) |
| Полиња | |
| Авторска кратенка (бот.) | Quél. |
Лисјен Келе (француски: Lucien Quélet; 14 јули 1832 – 25 август 1899 ) — француски природонаучник и миколог. Открил неколку видови габи и бил основач на Миколошкото друштво на Франција.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во Монтешеру, во земјоделско семејство. Набргу останал сирак, па детството го провел со тетките. Во младоста покажал голем интерес за микологијата и ботаниката воопшто, но и други полиња како орнитологијата и малакологијата (која ги изучува мекотелите). Го посетувал колежот во Монбелијар, а подоцна дипломирал медицина во Стразбур.[1]
Во 1884 г. Келе го основал Миколошкото друштво на Франција и станал негов прв претседател.[1] Во 1888 г. ја издал книгата Flore mycologique de la France et des pays limitrophes („Миколошка флора на Франција и околните земји“).
Во последние години од животот ги проширил полето на делување, и, меѓу останатото, почнал да работи на орнитологијата и малакологијата кои го интересирале во детството.
Починал во 1899 г. на возраст од 67 години.[1]
Оставнина
[уреди | уреди извор]Келе е опишан како комбинација од Петер Адолф Карстен и Паул Кумер што се однесува на неговите проучувања, миколошки истражувања и новите видови кои успеал да ги пронајде.[1] Добар дел од неговата работа продолжува да биде корисна и денес, и многу од имињата на на најчестите габи водат потекло од неговата работа.[1]
Постојат многу таксони наречени во негова чест. Меѓу нив се Amanita queletii, Boletus queletii, Entoloma queletii, Russula queletii и родот Queletia.
Опишал и многу таксони во текот на неговото делување, како што се:
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 „Lucien Quélet“. Illinois Mycological Association. Архивирано од изворникот на 12 октомври 2007. Посетено на 20 април 2007.
- ↑ Quelet L. (1881) Comptes rendu Assoc. Franc. Avanc. Sci. 9: 661
- ↑ „Автори“. Меѓународен индекс на растителни имиња. (англиски)
|