Региони во Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Регион (англ. region) е формален термин за првостепената единица локална самоуправа во Нов Зеланд. Земјата има 16 региони. Дванаесет ги управува избран регионален совет, додека четири се управувани од територијални власти (второстепена локална власт) кои исто така ги извршуваат должностите на регионален совет и затоа се нарекуваат унитарни управи. Ова правило има еден исклучок, градот Нелсон кој е управуван од индивидуална територијална власт на неговиот регион (Тасман). Советот на Четемските Острови често се смета за унитарна власт, иако официјално спаѓа под регионот Кантербери. Некои регионални граници ги следал границите на територијалните единици, но има и многу исклучоци. на пример, јужната граница на регионот Окленд напола го сече округот Френклин.

Должности[уреди | уреди извор]

Регионалните власти се главно одговорни за управа со животната околина (вода, фрлање на контаминати и нега за крајбрежјето), реките и езерата (контрола на поплави и одводи), земјиште; регионален транспорт (јавен), биосигурност или справување со штетници; додека територијалните власти се одговорни за: надзор врз користење на земјиштето на локално ниво (урбано и рурално планирање); инфраструктура (вода, канализација, одлевања и ѓубре; локални патишта; библиотеки; паркови и резервати), како и развој на локалната заедница. Регионалната и територијалната управа се финансираат од давачките за земјиште. Честопати двете администрации меѓусебно соработуваат во проекти кои се надополнуваат.

Региони[уреди | уреди извор]

НортлендОклендОклендОклендВаикатоЗалив ПлентиГизборнХоков ЗаливТаранакиМанавату-ВангануиВелингтонТасманТасманНелсонМарлбороМарлбороЗападно КрајбрежјеЗападно КрајбрежјеКантербериОтагоСаутлендСаутлендРегиони во Нов Зеланд
За сликава
Регион Регионален совет Админ. центар Остров Површина (км²)[1] Население[2] ISO 3166-2
1 Нортленд Регионален совет на Нортленд Фангареи Северен 13.941 175.500 NZ-NTL
2 Окленд Оклендски совет Окленд Северен 5.600 1.657.200 NZ-AUK
3 Ваикато Околина Ваикато Хамилтон Северен 25.598 460.100 NZ-WKO
4 Залив Пленти Регионален совет на Заливот Пленти Факатане Северен 12.447 299.900 NZ-BOP
5 Гизборн (1) Регионален совет на Гизборн Гизборн Северен 8.351 48.500 NZ-GIS
6 Хоков Залив Регионален совет на Хоковиот Залив Нејпиер Северен 14.164 164.000 NZ-HKB
7 Таранаки Регионален совет на Таранаки Стратфорд Северен 7.273 118.000 NZ-TKI
8 Манавату-Вангануи Регионален совет Хорајзонс Палмерстон Норт Северен 22.215 240.300 NZ-MWT
9 Велингтон Регионален совет на Велингтон Велингтон Северен 8.124 513.900 NZ-WGN
10 Тасман (1) Окружен совет на Тасман Ричмонд Јужен 9.786 51.100 NZ-TAS
11 Нелсон (1) Градски совет на Нелсон Нелсон Јужен 445 51.400 NZ-NSN
12 Марлборо (1) Окружен совет на Марлборо Бленем Јужен 12.484 46.200 NZ-MBH
13 Западно Крајбрежје Регионален совет на Западното Крајбрежје Грејмут Јужен 23.336 32.400 NZ-WTC
14 Кантербери Регионален совет на Кантербери Крајстчерч Јужен 45.346 612.000 NZ-CAN
15 Отаго Регионален совет на Отаго Данидн Јужен 31.990 224.200 NZ-OTA
16 Саутленд Регионален совет на Саутленд Инверкаргил Јужен 34.347 98.300 NZ-STL

(1) Овие региони се унитарни управни единици.

Области вон регионалните граници[уреди | уреди извор]

Нов Зеланд има број острови кои не спаѓаат во регионалните граници. Четемските Острови не се регион, иако нивниот совет оперира како регион. На Кермадек и подантарктичките острови живеат само мал број на конзерватори. Министерот за конзервација ја има власта на регионален совет во тие предели.

Раководство[уреди | уреди извор]

Советите се бираат со јавно гласање секои три години.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Густина на живеење: Табела 1, Статистики за живеалишта, Статистика Нов Зеланд. проверено на 25 јануари 2009 (англиски) Површината се смета според границите утврдени во 2001 г. Не се вбројани водни површини поголеми од 15 хектари.
  2. „Проценето население на управните единици: На 30 јуни 2017 г. (првично)“. Статистика Нов Зеланд. 24 октомври 2017. http://www.stats.govt.nz/browse_for_stats/population/estimates_and_projections/SubnationalPopulationEstimates_HOTPAt30Jun17.aspx. посет. 24 октомври 2017 г.  За градските подрачја, „Проценето население на управните единици (UA, AU), по старост и пол, на 30 јуни 1996, 2001, 2006-16 г. (граница: 2017 г.)“. Статистика Нов Зеланд. 24 октомври 2017. http://nzdotstat.stats.govt.nz/wbos/Index.aspx?DataSetCode=TABLECODE7541. посет. 24 октомври 2017 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]