Список на македонски филмови понудени за номинација за Оскар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Macedonia film clapperboard.svg
Македонски филм
Листа на филмови
Македонски филмови
понудени за Оскар
Милчо Манчевски е единствениот македонски режисер со два филма понудени за номинација за Оскар

Република Македонија понудува филмови за номинација за Оскар за најдобар странски филм од 1994 година. Наградата се доделува секоја година во САД, од страна на тамошната Филмска Академија, за долгометражен филм продуциран надвор од САД, кој содржи дијалог што примарно припаѓа на не-англиското говорно подрачје.[1] Самата награда е индуцирана на доделувањето на Оскарите во 1956 година, кога Наградата на Академијата за врвно достигнување (Academy Award of Merit) - подоцна преименувана во Оскар за најдобар странски филм - за прв пат предвид ги зема и странските филмови.[2]

До 2008 година, само еден македонски филм - Пред дождот на Милчо Манчевски - има добиено номинација за Оскар, но ниту еден македонски филм ја нема добиено и самата награда.[3] Манчевски е и единствениот режисер со два филмови понудени за номинација - неговиот трет филм Сенки ѝ беше понуден на Академијата по повод 80тото доделување на Оскарите, но истиот не влезе меѓу петте номинирани.[4][5]

Понуди[уреди | уреди извор]

Академијата за филмска уметност и наука има отворена покана кон филмските индустрии на многу земји кои смеат да понудат само по еден филм како натпреварувач за номинација за Оскар за најдобар странски филм.[2] Потоа, Комитетот за доделување на Оскарот за најдобар странски филм (The Foreign Language Film Award Committee) ги рецензира сите понудени филмови. Веднаш потоа, следи тајно гласање преку кое се одредуваат петте номинирани филмови за наградата.[1] Следи листа на македонските филмови понудени за номинација за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.

Година
(церемонија)
Наслов на филмот при номинирањето Изворен наслов Режисер(и) Резултат
1994
(67мо)
Before the Rain[3] Пред дождот Милчо Манчевски Номинација
1997
(70то)
Gypsy Magic[6] Gypsy Magic / Џипси меџик Столе Попов Не е номиниран
1998
(71во)
Goodbye, 20th Century[7] Збогум на 20-тиот век Дарко Митревски
Александар Поповски
Не е номиниран
2004
(77-мо)
The Great Water[8] Големата вода Иво Трајков Не е номиниран
2006
(79-то)
Контакт[9] Контакт Сергеј Станојковски Не е номиниран
2007
(80-то)
Shadows[4] Сенки Милчо Манчевски Не е номиниран
2008
(81-во)
I`m from Titov Veles[10] Јас сум од Титов Велес Теона Стругар Митевска Не е номиниран
2008
(82-во)
Wingless[11] Ocas ještěrky Иво Трајков Не е номиниран
2010
(83-то)
Mothers[12] Majki Милчо Манчевски Не е номиниран
2011
(84-то)
Punk's Not Dead[13] Панкот не е мртов Владимир Блажевски Не е номиниран
2012
(85-то)
The Third Half[14] Трето Полувреме Дарко Митревски Не е номиниран
2014
(87-мо)
To the Hilt[15] До балчак Столе Попов Не е номиниран
2015
(88-мо)
Honey night[16] Медена ноќ Иво Трајков Не е номиниран
2016
(89-то)
The Liberation of Skopje[17] Ослободувањето на Скопје Раде Шербеџија
Данило Шербеџија
Не е номиниран

Види исто[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Специјални правила за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. конс. 2008-07-04. 
  2. 2,0 2,1 „Историја на Оскарите - страница 2“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. конс. 2008-07-04. 
  3. 3,0 3,1 Рене Родригез. „`Пред дождот' предолго чекаше“. The Miami Herald. конс. 2008-07-04. 
  4. 4,0 4,1 „Рекордни 63 земји се надеваат на номинација за Оскар за најдобар филм“. Yahoo! Movies. 2007-10-17. конс. 2008-07-04. 
  5. Стивен Гајдос; Либи Мекарти (2008-01-15). „Трката за Оскар за најдобар странски филм се пожешка“. Variety. конс. 2008-07-04. 
  6. „70то доделување на Оскарите (1997): Понуди за номинација за Оскар за најдобар странски филм“. oscarguy.com. конс. 2008-07-04. 
  7. Кирк Ханикат (1998-11-24). „45 земји навиваат за Оскар“. The Hollywood Reporter. конс. 2008-08-28. 
  8. Јуџин Хернандез. „49 земји понудија филмови за разгледување за Оскарот за најдобар странски филм“. indieWire. конс. 2008-07-04. 
  9. Џеф Снајдер (2006-10-19). „Во трката за Оскар 61 земја“. Variety. конс. 2008-07-04. 
  10. http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=8&pid=28&ppid=90&tid=1787
  11. http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=66EE18A38D567942B4F0BEF716DC560E
  12. „Мајки“ е македонскиот избор за Оскар
  13. http://www.mn.mk/kultura/4925-Pankot-ne-e-mrtov---makedonski-kandidat-za-Oskar
  14. http://www.mkd.mk/58647/kultura/treto-poluvreme-e-makedonskiot-kandidat-za-oskar
  15. http://kajgana.com/do-balchak-makedonski-kandidat-za-oskar
  16. http://kajgana.com/filmot-medena-nokj-e-makedonskiot-kandidat-za-oskar
  17. http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=8C9E46C5FDAC1048B9BDEE3EFAD74D46

Надворешни врски[уреди | уреди извор]