Лисна вошка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лисни вошки
Aphid on leaf05.jpg
Научна класификација
Семејства

Лисните вошки (Aphids) се мали инсекти и членови на натсемејството Aphidoidea. Групата вклучува меки бели волнени лисни вошки. Типичен животен циклус вклучува женки кои не летаат и кои раѓаат живи нимфи - кои исто така можат да бидат бремени, што се нарекува телескопски развој - без вклучување на машките единки. Брзо созреваат, и женките се размножуваат изобилно, така што бројот на овие инсекти брзо расте. Женките со крилја можат да се развијат подоцна во сезоната, со што инсектите колонизираат нови растенија. Во умерените региони, фазата за репродукција е наесен, а инсектите често презимуваат како јајца.

Лисните вошки се меѓу најразорните штетни инсекти за култивираните растенија во умерените региони. Покрај слабеење на растението поради тоа што го цицаат сокот, лисните вошки дејствуваат како вектори за растителните вируси. Поради нивната способност за брзо зголемување на бројот со асексуална репродукција и телескопски развој, тие се многу успешна група на организми од еколошка гледна точка.[1]

Преден поглед на лисна вошка од пченица, Schizaphis graminum

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Piper, Ross (2007). Extraordinary Animals: An Encyclopedia of Curious and Unusual Animals. Greenwood Press. стр. 6–9. ISBN 978-0-313-33922-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]