Лисицата и ловечкиот пес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Лисицата и ловечкиот пес (англиски: The Fox and the Hound) е американски цртан филм од 1981 година, произведен од продуцентската компанија Волт Дизни, а се базира на истоименото дело на авторот Даниел П. Маникс. Премиерно е прикажан во САД на 10 јули 1981 година. Ова е дваесет и четвртиот долгометражен цртан филм изработен во продукција на компанијата Волт Дизни. Филмот ја раскажува приказната за два нетипични пријатели, црвената лисица по име Тод и ловечкото куче Копер, кои се борат да го задржат пријателството и покрај нивните инстинкти и притисокот на средината која бара од нив да се непријатели. На кино благајните, филмот остварил финансиски успех. Кога се појавил, тоа бил најскапиот анимиран филм продуциран дотогаш, чинел 12 милиони американски долари. Во 2006 година е објавено директно DVD продолжение, Лисицата и ловечкиот пес 2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: