Лисина (планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лисина
Највисока точка
Надм. вис.1.467 м
Географија
Место Босна и Херцеговина

Лисина е планина од вулканско потекло, која се наоѓа на подрачјето на општината Мркоњиќ Град и Општината Шипово. Нејзин највисок врв, Бандира, се наоѓа на височина од 1.467 метри.

Благодарејќи на геолошката градба, ја карактеризира голем биодиверзитет на растителни и животински видови. Во досегашните истражувања откриени се и опишани преку 1.000 растителни видови, околу 1.500 видови на печурки,[1] пет вида на риби, по десетина вида на водоземци и влекачи, 29 вида на цицачи и 107 птичји видови. Пронајдени се и околу 360 извори на питка вода кои претставуваат значајни водени ресурси во локални рамки.[2]

На нејзиниот врв се наоѓа планинарскиот дом, а на падините на планината неколку села од мркоњиќката општина. Во подножјето на Лисина, во близина на селото Подрашница, се наоѓа излетиштето Зеленковац.[2]

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Лисина драгуљ природе“. Посетено на 13. 10. 2010.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Туристички водич Мркоњић Града“, Удружење за развој и унапређење туризма општине Мркоњић Град, 2010.