Лисец
Лисец — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Лисец | |
Координати 42°1′59″N 20°55′27″E / 42.03306° СГШ; 20.92417° ИГДКоординати: 42°1′59″N 20°55′27″E / 42.03306° СГШ; 20.92417° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 692 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28042, 28542 |
Надм. вис. | 1360 м |
![]() |
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во источните падини на Шар Планина, во областа Долни Полог, оддалечено 11,5 километри западно од Тетово.
Историја
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лисец живееле 300 жители, сите Албанци.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Селечка општина со центар во Шипковица и имало 100 куќи со 540 жители, сите Албанци.[3]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 692 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Албанци | 692 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300[2] | 540[3] | 770 | 798 | 852 | 1.046 | 1.070 | 814 | 692 |
Родови
Лисец е албанско село.
Како најстар албански род во селото се споменува родот Шаља (37 куќи). Потекнува од родот Шаља во северна Албанија (во околината на Скадар), а тука се доселил во втората половина на 18-от век.[6]
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се
- Шаља (37 к.) името го добиле по фисот Шаља во северна Албанија (околината на Скадар). Од таму се доселиле во XVIII век.
- Баки (12 к.) имаат исто потекло како и претходниот род.
- Љуц (11 к.) доселени се од Љура во северна Албанија.
- Арнор или Цили Мили (14 к.) доселени се од селото Арна во северна Албанија.
- Џоке (15 к.) доселени се од Ујмиште во северна Албанија.
- Берише (16 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.
- Торбеши (4 к.) они се албанизирани. Доселени се од горанското/торбешко село Урвич. Кога дошол основачот на родот говорел македонски. Но се поалбанчиле мешајќи се со Албанците. Сега се издаваат дека припаѓаат на родот Баки.[7]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2083 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 761 гласач.[9]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Хиџет Рамадани (2 октомври 1924 - Скопје, 1990) - македонски и југословенски правник и политичар
- Проф. д-р Сади Беџети (р.1 ноември 1957) - македонски универзитетски професор, ректор на Тетовскиот универзитет и градоначалник на Општина Тетово.
- Насер Мисини - член е на ДПА, опишуван како сива еминенција на актуелното водство на партијата.
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.213.
- ↑ 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
![]() |
„Лисец“ на Ризницата ? |
- Селото Лисец - најдетален опис и прва пишана историја за селото на Македонски (историја, стари семејства и др.), на порталот ‘Тајните на Тетово’ Архивирано на 12 ноември 2009 г.
|