Прејди на содржината

Лиса Кудроу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лиса Кудроу
Кудроу во 2009 г.
Роден(а)Лиса Валери Кудроу
30 јули 1963(1963-07-30)(62 г.)
Лос Анџелес, САД
ОбразованиеВасар Колеџ (БА)
Занимање
  • глумица
  • писателка
  • продуцент
Активен период1980s–сега
Познат(а) поПријатели
Сопружник
Мајкл Стерн
(в. 1995)
Деца1
Потпис

Лиса Валери Кудроу (англиски: Lisa Valerie Kudrow; 30 јули 1963 година во Лос Анџелес) е американска актерка. Таа е најпозната по улогата на Фиби Буфе во Пријатели (1994–2004), за која освоила награда „Прајмтајм Еми“, награда на Здужението за Филмски глумци и награда Сателит.[1]

Биографија

[уреди | уреди извор]

Детство и школување

[уреди | уреди извор]

Родена во Енсино, Калифорнија; детството го поминала во Тарзана, Калифорнија, со својот брат Дејвид, сестрата Хелена и родителите.[2] Нејзиниот татко, Ли, е лекар, а нејзината мајка, Нидра, е туристичка агентка. Матурирала во „Вилијам Хауард“ во 1981 година, а во 1985 година дипломирала биологија на колеџот „Васар“ во Њујорк.[1]

Нејзината првична желба била да стане докторка. Откако сфатила дека сака да се занимава со глума се пријавила на аудиција за комичната група „Граундлингс“, но откако била одбиена во 1989 година станала полноправен член.[1]

Откако стекнала слава настапувајќи со комичната група добила улога во повеќе ТВ серии како на пример Само привремено, Убиство на Високи положби, До месечината, Л.А. со 5 долари на ден и други, како и гостувачки улоги во ТВ серијата Наздравје и други.[1][3]

Во 1992 година, таа го играла ликот на Урсула Бафеј во ТВ серијата Луд по тебе, а продуцентите, импресионирани од нејзината изведба, ја охрабриле да аплицира за некои поголеми проекти при што била избрана за улогата на Фиби Буфе во ТВ серијата Пријатели во 1993 година.[1]

Популарноста што ја стекнала со почетокот на емитувањето на Пријатели ѝ донела улоги во филмовите Во жештината на страста 2: Неверна, Лудата дадилка, Мајка, Спротивното на сексот и Мафијаш на терапија. Следеле улоги во сериите Д-р Кац, професионален терапевтм, Херкулес и други.[3]

Во 1997 година, била на листата на списанието Пипл на најубавите луѓе во светот.[1]

Во 1998 година, таа го позајмила гласот на Алекс Витни во Симпсонови, а во 1999 година била домаќин на доделувањето на филмските награди на MTV. Покрај снимањето на Пријатели глумела и во Среќни Бројки, Мафијаш под стрес, Др. Дулитл 2, Марси Х, Вондерленд, Среќни завршетоци, Каблуи, П.С. Те сакам.[3]

Во 2003 година, била на 31-во место на листата на најмоќни познати личности на списанието Форбс.[2]

По завршувањето на серијата Пријатели, таа ја снимила телевизиската серија Враќањето, која ја следи приказната за актерка што, по крајот на серијата што ѝ донела слава, се обидува повторно да се врати на сцената. Првата сезона била емитувана, но нејзиниот договор со ХБО не бил продолжен поради ниската гледаност и поделени реакции од критичарите.[3][2]

Во 2009 година бил објавен нејзиниот филм Хотел за кучиња, а филмот Интензивни девојки извидници бил најавен истата година, во кој таа, покрај продуцентска имала и глумечка улога.[3]

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Кудроу била во врска со Конан О'Брајан кон крајот на 1980-тите. На 27 март 1995 година, се омажила за Французинот Мишел Стерн со кого има син, Џулијан Мари, роден на 6 мај 1998 година.[2]

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]

Кудроу била наградена со бројни признанија во текот на својата кариера. За својата улога во ситкомот Пријатели, таа добила шест номинации на наградите Прајмтајм Еми, при што ја освоила наградата во 1998 година за најдобра споредна актерка во хумористична серија. Исто така освоила две награди Награда на здружението на филмски актери, една Сателит награда, една награда за Американска комедија и една ТВ гајд награда.

Вкупно, таа добила петнаесет номинации за Еми, при што нејзината најнова номинација била на Прајмтајм Еми наградите во 2021 година. Покрај тоа, имала дванаесет номинации и две освоени награди на Награда на здружението на филмски актери, една победа и осум номинации на наградите за Американска Комедија, една номинација за Златен глобус, една номинација за Ем-ти-ви Филмски и ТВ награди и многу други.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 4 5 6 „Lisa Kudrow Photos, Gossip, Bio & Reviews – AskMen“. Архивирано од изворникот на 27. фебруар 2008. Посетено на 22. април 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  2. 1 2 3 4 „Lisa Kudrow Picture, Video, Wallpaper, Profile, Gossip, and News at CelebrityWonder.com“. Архивирано од изворникот на 9. јун 2010. Посетено на 22. април 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)
  3. 1 2 3 4 5 „Lisa Kudrow – IMDb“. Посетено на 22. 4. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)